1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов круг од разговорите Скопје-Атина за спорот околу името

1 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bzyu

Денеска во седиштето на ОН во Њујорк треба да се одржи нова рунда разговори меѓу претставниците на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Адамантиос Василакис за спорот околу уставното име на Македонија. Средбата ја закажа специјалниот пратеник на Светската организација за посредување во спорот меѓу Атина и Скопје , Метју Нимиц . Европската Комисија во редовниот годишен извештај за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ , ќе изрази очекување за напредок околу прашањето за разликите за името , со цел подобрување на регионалната соработка и зајакнување на добросоедските односи . Денеска во Скопје известувачот на Советот на Европа за спорот за името Педро Аграмунт се заложи за постигнување консензус меѓу двете страни, бидејќи станува збор за многу важно прашање.