1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов музеј на модерната литература во Марбах

13 јануари 2006

Овој град кој лежи на реката Некар важи за литературен центар на Германија . Таму веќе се наоѓаат Националниот музеј посветен на Фридрих Шилер но и Германскиот книжевен архив. Позицијата на Марбах како средиште на книжевната историја во Германија меѓутоа дополнително ќе биде зацврстена со новиот Музеј на модерната литература:

https://p.dw.com/p/AeTk
Зградата на новиот музеј во Марбах
Зградата на новиот музеј во МарбахФотографија: dpa - Bildfunk

Британскиот архитект Дејвид Чиперфилд неделава ја претстави во Марбах новоградбата во која ќе функционира музејот на Модерната литература . Станува збор за конструкција од бетон и тропско дрво што беше финансирана како од сојузната Влада така и од властите во покраината Баден Виртенберг . Во новата зграда сега има дволно простор , за да биде презентирана лидературата од 20-иот и 21 век . Новиот Музеј на модерната литература накратко ќе се нарекува ЛиМо и претставува единствен музеј од ваков вид во Германија:

Тој е изграден во непосредна близина на Националниот Шилеров музеј и Германскиот книжевен Архив: Литературата од 18 и 19 век во една зграда , онаа од 20 и 21-иот во друга . Без сомнение на тој начин во марбах е создаден еден литературен центар без преседан. Улрих Раулф , директорот на Германскиот литературен архив објаснува

„ Ова ќе биде нашиот втор голем Музеј во Шилеровиот крај . Првиот е Шилеровиот Национален музеј од 1903 година . Во фокусот меѓутоа на изложбените практика на овој музеј разбирливо секогаш се наоѓа „Шилер и неговото време“ .

Овој нов музеј од другастрана ќе биде насочен кон литературата на 20-иот век , која во меѓувреме чини голем дел од нашиот документационен фонд . 80 од нашата архива не ја сочинуваат „Шилер и неговото време “ туку токму литературата од 20-иот век . Истотака и 80-насто од корисниците што доаѓаат кај нас , работата со архивските материјали од 20-иот век а веќе и од првите години на 21-иот век . Токму овој Овој временски простор , временскиот простор на литературната Модерна ,му е посветен новиот музеј“

Музејот на модерната литература ќе се простира на 1000 квадратни метри . Во него ќе биде понудена една трајна поставка со голем број важни книжевни дела кој досега беа чувани во Германскиот книжевен архив во Марбах, како и голем број времени изложби.

Без сомнение зградата на новиот музеј преставува едно извонредно здание за средби со литературата:

„ Ќе биде понудена една голема трајна поставка за литературата на 20-иот век и прокрај тоа времени изложби. За нив мпостојат три големи простории во зградата . Ќе развиеме и нов план за нашите изложби. Самито факт што во иднина ќе имаме два музеја и тоа два толку различни музеја еден покрај друг , од нас бара да развиеме нова кореографија за изложбите“ – истакнува Улрих Раулф.