1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов начин на соработка

11 мај 2007

Денеска во Загреб продолжува состанокот на шефови на држави и влади од ЈИЕ на кој се утврдуваат начините за идна регионална соработка. Пактот за стабилност заминува во историјата, а ќе го замени советот за регионална соработка чие седиште ќе биде во Сараево. На самитот во својство на претседавач со ЕУ ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

https://p.dw.com/p/AbxD
Загреб
ЗагребФотографија: DW / Subic

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка во ЈИЕ го прифатија предлогот Хидо Бишчевиќ да биде именуван за генерален секретар на советот за регионална соработка. Координаторот на пактот за стабилност на ЈИЕ, Ерхард Бусек за новиот начин на соработка кој ќе стартува од 2008 година вели:

“ До сега на покровителски начин решававме што е добро за регионот и добивавме средства, а потоа се обидувавме да ги убедиме владирте. Сега самиот регион треба да знае што му е потребно и како треба да се оди натаму. Ние сме подготвени за поддршка, со стручни совети и финансиски. Пактот за стабилност сње ближи кон крајот. Морам да кажам дека помалку сум горд на тоа што една институција престанува да постои. Многу е лесно нешто да се формира, но подоцна тоа да се укине е потешка работа“ вели Бусек

Меѓународната заедница и натаму ќе го финансира регионот, додуша во помала мерка. Меѓутоа нема да има мешање во изборот на проектите кои ќе се финансираат. Бусек објаснува зошто:

“ Бидејќи нема никаква смисла на регионот постојано да му објаснуваме дека ние се знаеме подобро. Регионот мора самиот да знае што е најдобро за него. Истото важи и за нас во Европа“

Слично како еврокомесарот Оли Рен и Бусек вели дека новиот совет за соработка не значи замена за членство во ЕУ. Брисел сака да ја зајакне европерспективата, посебно за земјите од поранешна Југославија и нејзините соседи. Повеќето од нив се зрели за натамошен развој вели Бусек и додава:

“ Тоа важи за мнозинството земји, само не се гледа заради проблемите како Косово или внатрешната ситуација во Србија или дел во Босна. Во реалноста ситуацијата е подобрена. Имаме две нови членки Бугарија и Романија, Хрватска која преговара и Македонија која можеби ќе ги започне преговорите“ рече Бусек

Според најавите денеска треба да биде усвоена и заедничка декларација за косовското прашање.