1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов обид за надминување на спорот околу антиракетниот штит

Кристина Нагел, Москва / Агенции17 март 2008

Министрите за надворешни работи и за одбрана на САД Кондолиза Рајс и Роберт Гејтс во Москва носат натамошни отстапки - прашање е дали се доволни. Прво разговор со сегашниот и со идниот претседател Путин и Медведев.

https://p.dw.com/p/DQCW
Роберет Гејтс во разговор со новинари за време на летот кон МоскваФотографија: AP
Малку кој верува дека ќе дојде до пробив и во новото издание на преговорите „2 плус 2“, оти се премногу различни ставовите околу планираното стационирање делови од американскиот антиракетен систем во Полска и Чешка. Русија смета дека и’ е загрозена безбедноста и не верува во американската агрументација за опасност од ирански ракети. Новите предлози, што наводно ги носат Рајс и Гејтс, би требало да придонесат за намалување на затегнатоста. Експерти претпоставуваат дека Американците сепак ќе им ветат на руските офицери пристап кон планираните постројки, како и дека ќе излезат во пресрет и при градењето и насочувањето на радарските постројки во Чешка и на станицата за противраектна одбрана во Полска. Руските министри за надворешни работи и за одбрана Сергеј Лавров и Анатолиј Сердјуков, наводно, тоа го оцениле како позитивен знак. Но, нивна декларирана цел останува американскиот антиракетен систем да се интернационализира.
Гејтс и Рајс не очекуваат пробив во преговорите
Роберт Гејтс побара од Русија да реагира, откако американската страна во досегашните преговори поднесе многубројни предлози. „Во моментов не сум преголем ентузијаст“ сепак призна американскиот министер во текот на летот кон Москва. Тој изрази сомневање дали Москва има безбедносни дилеми кои Американците би можеле да ги отстрана, или сака да го блокира стационирањето американски ракети. Кондолиза Рајс, која одвоено од Гејтс патуваше за Москва, исто така не сакаше да прогнозира пробив во преговорите. Незвесно е како ќе влијаат врз разговорите наводните тајни консултации меѓу Америка и Турција. Руските медиуми известија дека радарска станица треба да се гради и во Турција. Оттука, и атмосферата во Русија е ледена. Интернет-анкетата на весникот „Известија“ јасно го покажа растечкото незадоволство и загриженост кај населението. Далеку повеќе од половина од 4-те илјади испитаници одговори дека Русија треба да стационира свои ракети во Калининград и Белорусија како реакција на американските планови.
Непремостливи разлики и околу ширењето на НАТО
Нема да бидат едноставни ни разговорите за можното проширување на НАТО. Рускиот став околу можното идно членство на Украина и Грузија во Алијансата е крут и бескомпромисен. Од ширењето на НАТО се’ поблизу до нејзините граници, Русија се чувствува подеднакво загрозена, како и од антиракетниот систем, и смета дека чувствително ќе биде нарушена рамнотежата. Рускиот амбасадор во НАТО Дмитри Рогозин повеќе пати предупреди на нова трка во вооружување. Домашните набљудувачи во Москва проценуваат дека ако изостане резултат во обете области од преговорите, претседателот Путин можеби ќе се откаже од планираното учество на самитот на НАТО во Букурешт. Со тоа, пак, чувствително би биле нарушени односите меѓу Америка, НАТО и Русија.

►◄