1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов обид за пробив во спорот со името

Горан Момировски26 јуни 2008

Метју Нимиц, посредникот во спорот околу името меѓу Македонија и Грција беше на разговори во Атина, каде се сретна со шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани. По Атина, Нимиц ќе го посети и Скопје.

https://p.dw.com/p/ER9q
Нимиц не прецизира дали носи нов предлогФотографија: Macedonian Information Agency

Се чини дека посредникот во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц ја постигна целта на посетата на Атина(26.06.2008). И покрај негативните тонови од Атина пред посетата, позициите на грчката влада за дел од елементите на можното решение, сепак го охрабриле медијаторот да продолжи со преговорите. На средбата во грчкото Министерство за надворешни работи биле разледувани неколку различни идеи, но не и конкретни предлози.

„Да се даде предлог е секогаш најтешката работа, зашто ако дадам предлог, тој би бил многу конкретен, со многу детали во него. Денеска презентирав неколку идеи, кои мислам дека би можеле да не‘ приближат до некакви заклучоци, на средбата разговаравме за некои од овие идеи“, изјави Нимиц по разговорите со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани. За медијаторот прашањето за македонскиот идентитет не е составен дел на разговорите, иако во текот на средбите тоа постојано се наметнува.

Бакојани останува на ставот дека не е можно да се најде решение до 9 јули, но Грција останува активна во преговорите.

Нимиц по Атина ќе го посети и Скопје.