1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов пливачки џин

29 јули 2009

Германецот Паул Бидерман му го одзема приматот на Американецот Мајкл Фелпс и стана нова пливачка ѕвезда.

https://p.dw.com/p/IzYh
Бидерман по победата и освојувањето нов светски рекордФотографија: AP

Со Светски рекорд во дисциплината 200 метри слободен стил, 22 годишниот Паул Бидерман од Хале на Зале го освои вториот златен медал на Светското првенство во пливање во Рим и го подобри резултатот на Американецот Мајкл Фелпс од 1 минута и 42 секунди за неверојатни 96 стотинки.

„Во моментов се борам против болките, но, се разбира, многу се радувам. Тоа беше одлична трка, едноставно супер“, изјави Бидерман.

Фелпс го претрпе првиот пораз на големо меѓународно натпреварување по речиси пет години, а тоа во голема мера се должи на тактиката на Бидерман уште од почетокот да ја диктира трката: „Тоа беше дел од мојата тактика. Знаев дека Мајкл ќе ми одземе време при вртењето. Единствената можност воопшто да го победам беше во текот на пливањето“, оцени тој.

Paul Biedermann mit Schwimmanzug
Тврди дека не се допингува: Паул БидерманФотографија: AP

„Апсолутно сум чист“

Бидерман со победата си го оствари животниот сон. Два дена претходно победи и на 400 метри и го урна седум години стариот светски рекорд на Австралијанецот Иан Торп. По двете победи, Бидерман изјави дека кон резултатот придонесол и неговиот хај-тек пливачки костим, но се радува оти од наредната година тој веќе нема да биде дозволен. Бидерман ги отфрли шпекулациите околу можен допинг. Тој потенцираше дека е апсолутно чист - само годинава бил котронтолиран повеќе од 20 пати.


Автор: Арнулф Бечер / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска