1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов почеток во Египет

13 февруари 2011

Воениот совет на Египет денеска соопшти дека го распушта парламентот и го става вон сила уставот во земјата. Војската ќе ја води земјата шест месеци, до одржување претседателски и парламентарни избори.

https://p.dw.com/p/10GWf
ЕгипетФотографија: dapd

Властите се обидуваат час поскоро да ја стабилизираат ситуацијата во земјата.

Продавниците во Каиро треба повторно да се отворат, луѓето да одат на работа, а централниот плоштад Тахрир повторно да биде целосно слободен за сообраќај. Имено центарот на Каиро, каде што три недели се одржуваа демонстрациите против стариот режим, е важна сообраќајна врска, затоа војската сака да го расчисти плоштадот.

Revolution in Ägypten Flash-Galerie
Доброволци ги расчистуваат улицитеФотографија: dapd

Меѓутоа последните најави на војската дека сите министри, именувани од Мубарак, ќе останат на функцијата се’ додека не биде избрана нова влада предизвикуваат и сомневање кај демонстрантите, дека армијата нема интерес да дозволи сите опозициони сили да учествуваат во формирање на новиот политички поредок на земјата. Освен ова војската не наведе конкретен датум за бараното распуштање на парламентот, кој минатиот ноември беше конституиран по изборните измами, како и за посакуваните уставни реформи.

Но, војската им се спротивставува на стравувањата, дека со промените би можело да бидат засенети добрососедските односи на Египет со Израел. Измаил Етман, портпарол на армијата: „Сите регионални и меѓународни договори остануваат во сила. Кон ова припаѓа и мировниот договор со Израел.“

Поради поврзаност со режимот со Мубарак, некои политичари и стопанственици во меѓувреме мора да сметаат на консеквенци.

Приврзаниците на демократското движење во меѓувреме ги повикаа граѓаните еднаш неделно на демонстрации, се’ додека не се спроведат бараните реформи. Неколку стотици демонстранти најавија дека ќе останат на плоштадот додека не биде наведена конкретна временска рамка за демократизацијата на земјата.

Автор: Ханс Михаел Ел/ Франк Браун/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема