1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов почеток во Каесонг

АТ/ афп/дпа16 септември 2013

Заедничката економска зона на Северна Кореја и на Јужна Кореја, Каесонг е повторно отворена. Со измешани чувства првите јужнокорејски менаџери се вратија на своето старо работно место.

https://p.dw.com/p/19i2O
)
Фотографија: picture alliance/AP Photo

По повеќемесечен спор Северна Кореја и Јужна Кореја повторно го отворија заедничкиот економски парк Каесонг. Каесонг се наоѓа на околу десет километри зад границата, на севернокорејска територија и претставува значаен извор на приходи за осиромашената и изолирана комунистичка земја.

Околу 50.000 Севернокорејци работат во индустриската зона за повеќе од 100 фирми од Југот. Тие профитираат од ефтината работна сила на Северот. По тензиите, како последица на три последователни атомски тестови на Северна Кореја режимот во Пјонгјанг изминатата пролет се закануваше со напади врз Јужна Кореја и САД и ја затвори заедничката индустриска зона.

Следуваа преговори, кои на средината на август завршија со договор меѓу Јужна Кореја и Северна Кореја. Со овој договор двете страни се обврзуваат колку што е можно поскоро да се вратат на вообичаената состојба, и да не дозволат заедничкиот проект основан во 2004 година повторно да биде жртва на политички тензии.

Измината недела двете страни постигнаа согласност за повторно отворање на заедничката економска зона.