1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Нов спор за германската химна: родина наместо татковина

Петер Хиле
8 март 2018

Германците и нивната химна- тоа е долга и комплицирана приказна. Во најновото поглавје не станува збор за нацијата, борбата и долгот. Туку за мажите и жените.

https://p.dw.com/p/2tpLn
Deutschland | Text der deutschen Nationalhymne auf einer Wand
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten

Дали Кристин Розе-Меринг сметаше на ваква реакција? Како ополномоштеничка за родова рамноправност таа во министерството за семејство внимава на тоа жените таму да не бидат обесправени при вработувањето. Истотака и врамнотеженоста на професијата и семејството и заштитата на нејзините колешки од сексуално вознемирување припаѓаат кон нејзините задачи. Промените на националната химна во Германија наспроти тоа традиционално се договараат меѓу  претседателот и канцеларот.

Како слободна граѓанка на една слободна земја, тоа меѓутоа не ја спречи Розе-Меринг во честитката по повод Меѓународниот ден на жената- 8 март, да го изнесе следниов предлог. Зошто не ја земеме родовата еднаквост предвид и во нашата национална химна, Песната за Германија? „Родина“ наместо „татковина“, „храбро“ наместо „братски“, воопшто не би болело, или?

Кастрација и иконоборство

О да, и тоа како би болело. Речиси два века откако поетот Хофман фон Фалерслебен во 1841 година ги напиша стиховите „единство и право и слобода за германската татковина“, се чини Германците конечно се чувствуваат поврзани со овој текст. Конзервативниот весник „Билд ам Зонтаг“ коментираше: „Ополномоштеничката за права на жените сака да ја обезмажи националната химна“ и со сигурност може да се каже дека кај повеќето читатели разбуди стравови од кастрација.

„Лудило во главата“ напиша на Твитер заменик-претседателката на „Алтернатива за Германија“, Беатрикс фон Шторх. Нејзиниот партиски колега Мартин Рајхард пак критикуваше за „Иконоборство на екстремно-левичарскиот феминизам“, на кој треба јасно да му се биде спротиставено. Уште поразлутено и позлобно реагираа бројни граѓани на социјалните медиуми. 

Hannover AfD Parteitag Nationalhymne
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Вообичаено трезвено, пак реагираше германската канцеларка. Меркел е многу задоволна од сегашната форма на химната, порача нејзиниот портпарол. На иста линија се и најголемиот дел од нејзините сопартијци но и политичарите од останатите партии застапени во Бундестагот. Политичарот на Зелените и градоначалник на Штутгарт Винфрид Кречмар порача : „Тоа е историска химна, и ние радосно ќе ја пееме и натаму“. 

„Историска“- тоа е речиси па претерано. Раѓањето, пропаста и повторното раѓање на Германија- сето тоа може да биде раскажано врз основа на односот на Германците кон нивната химна. Текстот беше напишан во време на расцепканата германска нација, беше популарен во 1914 години во од војна воодушевената земја и подоцна беше пеена во официјални пригоди од страна на нацистите заедно со нивната партиска химна „Песната на Хорст Весел“.

А по Втората светска војна? „Новата Германија сакаме да ја изградиме врз единството, врз правото и слободата“, изјави првиот канцелар во повоена Сојузна Република Германија во еден говор во април 1950 година. И потоа побара од присутните да ја испеат третата строфа од „Песната за Германија“. Некои присутни разлутено станаа и ја напуштија салата пред да започне мелодијата, зашто тогаш сѐ уште младата држава немаше официјална химна и според мислењето на многумина на земјата по нацистичкиот срам, војната и холокаустот на земјата ѝ требаше нова песна за официјални пригоди.

1954,1974,1990

Спорот околу химната беше решен дури две години подоцна. Претседателот на државата Теодор Хојс попушти под притисокот на Аденауер и „Песната за Германија“ повторно ја одреди за национална химна. Во размена на писма тие јасно утврдија дека при официјални пригоди треба да се пее само третата строфа и оти нема да се пее делот, кој го пееја нацистите „Германија, Германија над сѐ“. Под јаремот на Хитлер овој стих стана синоним за покорување на Европа.

August Heinrich Hoffmann von Fallersleben
Хофман фон ФалерслебенФотографија: picture-alliance/Quagga Illustrations

Сепак односот на Германците кон химната и натаму остана благо речено проблематичен. Така на пример пред важните финалиња на фудбалските Мундијали во 1954 и во 1974 година по кои Германија стана светски шампион, репрезентативците главно немо го проследија свирењето на химната. Дури во 1990 година когамагичните ноќи на повторното обединување и светската титула во фудбал  се совпаднаа во една година, химната повторно почна малку погласно да се слуша за време на финалето во Рим и меѓу славениците на обединувањето пред Рајхстагот во Берлин.

Спор за химната во 2018

Повторно преку размена на писма подоцна претседателот и канцеларот утврдуваат: „Третата строфа на Пезната за Германија од Хофман Фон Фалерслебен со мелодијата на Јозеф Хајдн е национална химна на германскиот народ“.  Но заеднички и без поголеми задршки оваа песна започна повторно да се пее на германските стадиони и улици дури по Светското првенство во фудбал што се одржа во Германија во 2006 година.

Joachim Löw
Фотографија: picture-alliance/dpa

Предлогот на Кристин Розе-Меринг за прилагодивање на химната не е прв од ваков вид. Во Австрија веќе се пее за „Родина на големи ќерки, синови“ наместо претходниот стих „Родина си ти на големи синови“. Дискусијата за тоа дали историскиот збор е свет или променлив, се чини дека во Германија се води посебно жестоко,

Хофман фон Фалерслебен во 1841 година не можел да знае, што еднаш ќе предизвика неговиот текст. Неговиот повик за единство беше напреден, републикански, зашто земјата околу него беше расцепкана и владеена од кнезови. Земјата се оттогаш се промени. Но, се чини дека сѐ уште не е сосема единствена. 

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид