1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов суперџет во Русија

1 октомври 2007

Русија го презентираше својот нов модел на патнички авион, за прв пат произведен по распадот на Советскиот сојуз. Суперџет 100 ќе се произведува во халите на традиционалниот производител сухои, во градот Комсомолск.

https://p.dw.com/p/BkaG
КремљФотографија: AP

Руската телевизија не ја пропушти шансата соодветно да го рекламира новиот авион: Тоа е еден „дримлајнер„ но засега нема потреба да се зборува дека е еден сон

Политичари и истакнати личности од цела Русија допатуваа на далечниот исток во градот Комсомолж. Во тамошните фабрички хали на производителот Сухои досега се произведуваа само воени авиони. Меѓутоа отсега таму ќе се произведуваат и авиони за цивилна употреба. Заменик премиерот и поранешен министер за одбрана Сергеј Иванов: „ Русија веќе 16 години нема произведено модерен авион кој ги задоволува меѓународните стандарди. Проектот, кој беше конципиран уште во 2005 година, доби целосна поддршка од владата„

Претседателот Владимир Путин најпрвин нареди производителите на авиони во Русија, Иљушин и Тупољев да се здружат во холдинг. Сега на повидок е првиот резултат.

Меѓутоа Русија немаше да дојде до сопствен суперавион без меѓународна помош. Помеѓу Иљушин, кој соработува со Сухои и Боинг дојде до кооперација и со италијанската фирма Аелниа Аеронаутика, која пред се ќе се грижи за дистрибуцијата. Иванов вели:„Станува збор за целосно нов проект. Не произведуваме само за на, туку за целиот светски пазар. Помеѓу 73 склучени договори за испорака, се наоѓаат и странски купувачи„

Авионот, со капацитет помеѓу 78 и 98 седишта за патници, првенствено е наменет за регионални релации. Планирана е и варијанта за релации од средна должина, до 6000 километри, како на пример линијата Москва-Франкфурт.

До сега приматот на меѓународниот пазар во овој сегмент го држеа бразилците и канаѓаните. Дали Русија ќе успее да се пробие во оваа конкуренција останува отворено: „Годинава ќе произведеме шест авиони. Трупот и конструкцијата за првите два ќе бидат произведени во Шуковскиј. Во наредните две недели тие ќе бидат монтирани овде„ изјави главниот конструктор Михаел Погосјан

Инаку на испораката на првиот авион ќе треба да се почека околу година и половина. Планирано е и производство и на луксузна верзија за супербогатите богатите кои во Русија ги има доста. Така олигарсите во земјата ќе можат да си купат за себе еден суперлуксузен авион.