1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов удар против терористичката ЕТА

АТ/ дпа28 мај 2012

Шпанските власти и‘ зададоа нов удар на баскиската организација ЕТА. Шпанската и француската полиција уапсија две водечки личности на ЕТА. Се работи најверојатно за шефот на военото крило на ЕТА и негов заменик.

https://p.dw.com/p/153PD
Фотографија: Reuters

Во Јужна Франција е уапсен најверојатно воениот лидер на басиската терористичка организација ЕТА. Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека во операцијата исто така биле уапсени и заменикот на шефот на военото крило на ЕТА. Апсењето било изведено во заедничка акција на шпанската и француската полиција.

Двајцата мажи патувале со украден автомобил со фалсификувани регистерски таблички. Тие биле вооружени со пиштоли, но при апсењето не пружале отпор. Шпанските истражни органи претпоставуваат дека двајцата осомничени во регионот сакале да регрутираат нови членови за ЕТА.

ЕТА, која се бори за независна баскиска држава, минатата година најави прекин на вооружените акции, но организацијата не го предаде оружјето и не ги прекина активностите. Откако ЕТА објави дека се откажува од насилството, во ноември минатата година, уапсени се 15 лица, за кои се претпоставува дека се членови на ЕТА, 11 од нив биле уапсени во Франција.