1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов устав и избори во Египет на почетокот на 2014.

БГ/миа9 јули 2013

Привремениот претседател на Египет, Адли Мансур го претстави планот за промена на нацрт Уставот и спроведување референдум,а навести и организирање парламентарни избори во земјата, на почетокот од идната година.

https://p.dw.com/p/1946r
Фотографија: Khaled Desouki/AFP/Getty Images

Нацртот на Уставот претходно го подготвија исламистите, кои по интервенцијата на египетската армија, беа тргнати од власта,заедно со доскорешниот исламистички претседател Мохамед Мурси, кој на таа функцијата беше само една година. Планот на Мансур (на фотографијата), поранешен претседател на Уставниот суд, предвдува отворање на јавна расправа околу новата верзија на египетскиот Устав, што би требало да почне во идните две недели. Расправата, заедно со поднесувањето на амандмани, како и референдумот за прифакање на новиот Устав, треба да завршат во период од четири месеци, по што би се одржале изборите за нов состав на Парламентот. Изборот на нов египетски претседател би се одржале подоцна, откако ќе се конституира новиот парламент. Муслиманското братство и исламистичките партии, кои бараат враќање на Мурси на функцијата, засега не реагираа на проектот за транзиција на Египет и за воспоставување на демократијата во земјата. Промовирањето на проектот на привремениот египетски претседстел доаѓа 48 часови по досега најтешкиот инцидент од минатонеделното соборување на Мурси, што се случи во Каиро, пред касарната во која се наоѓа главниот штаб на Републиканската гарда. Во инцидентот, според тврдењето на Муслиманското братство, загинале 53 нивни симпатизери, а неколку стотици се повредени. Тргањето на Мурси од претседателската функција за неговите симпатизери и за Муслиманското братство е „воен удар“,но за египетската опозиција и за противниците на исламизацијата во земјата, падот на досегашниот претседател е само „континуитет на револуцијата“ со која беше соборен од власт Хосни Мубарак. Новите власти настојуваат да спречат нова ескалација на насилствата во Каиро и во другите градови, како и во што е можно пократок рок да определат нов премиер и да формираат привремена влада.

САД синоќа ги повикаа сите страни на египетската политичка сцена да покажат „максимална воздржаност“. Белата кука во меѓувреме соопшти дека Вашингтон нема намера да ја прекине воената помош за Египет и за неговата армија, затоа што тоа не е во интерес на САД.