1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов „шеф“ на ЕУ од северот

Моника Гриблер/ Симе Недевски1 јули 2013

Од денеска Литванија го презема кормилото на ЕУ од Ирска, која претседаваше 7 пати. За првпат една мала балтичка земја ќе претседава со Советот на ЕУ. Во наредните 6 месеци ја очекуваат огромни предизвици и задачи.

https://p.dw.com/p/18ylY
Фотографија: picture-alliance/dpa

Литванија денеска, на 1. јули 2013 година го превзема претседавањето со Советот на Европската унија. Шест месеци оваа земја ќе ја „контролира судбината“ на ЕУ. И тоа за прв пат. Ова ќе биде клучен тест за малата балтичка држава и голема задача за една мала земја. Литванија од незвисноста загуби една петтина од населението. Само 3 милиони луѓе живеат во таа земја, помалку отколку во германската престолнина Берлин. Литванија е членка на ЕУ веќе 10 години, но не е членка на еврозоната, се' уште ја користи својата валута литас.
Скептиците како политикологот Рамунас Вилпишаускас стравуваат дека Литванија би можела да има тешкотии за време на сложените преговори: „За да можете коректно да претседавате, неопходен ви е успех, особено во областите, кои сте ги одредиле како најважни теми“, вели директорот на Институтот за политички науки на Универзитетот во Виљнус, во разговорот за ДВ.

Проблем со Украина

Литванија во текот на претседавањето особено внимание ќе посвети на енергетската политика, развојот на делот околу Балтичкото Море, како и на контролата на надворешните граници на ЕУ. Освен тоа Литванија инсистира на тесна соработка на ЕУ со нејзините источни соседи како што се Украина, Грузија, Ерменија и долгорочно Белорусија. На крајот на ноември литванската влада ги повика тие држави на Самитот на т.н. Источно партнерство во Вилнус. Би бил успех, доколку таму би бил потпишан Договорот за придружување на Украина. Но тоа е малку веројатно, бидејќи ситуацијата таму е премногу комплицирана. ЕУ го критикува „селективното судство“ како во случајот на уапсената поранешна премиерка Јулија Тимошенко. „Нашиот успех многу зависи од ситуацијата во тие земји и нивните лидери: Дали ќе иницираат реформи или не“, вели Вилпишаускас и додава: „Можностите за Литванија нешто да смени од корен, се многу ограничени.“
Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите е убедена Европејка, и токму за својата работа ја доби Карловата награда на градот Ахен. Таа се потпира на ефектот на дипломатијата: „Ако Европа не ги убеди тие земји повеќе да поработат на демократијата и на човековите права, тогаш тие земји нема ништо да преземат. Ние мораме да ги притиснеме, мораме да им помогнеме“, рече таа во разговорот за ДВ. Европа не смее да ги изгуби од фокусот тие земји, па дури и ако тоа подразбира големо трпение.

Litauen EU Ratspräsidenschaft Archiv 10.05.2013
Фотографија: Petras Malukas/AFP/Getty Images

Во други области е неопходно брзање

Многу работи останаа недоработени од предходните „преседавања“. Околу 85 проценти од агендата за претседавање се останати од предходниците“, вели Грибаускаите. На пример финансиската криза и развојот на монетарната унија. Само за буџетскиот период на ЕУ 2014-2020, мора да се усвојат околу 70 различни закони.
Притоа и најновиот член на ЕУ, Хрватска, мора да се вметне во тој процес. А во мај 2014 година ќе се избира и нов Европски парламент. Со тоа литванското преседавање ќе се одвива во „време на особено голема работа во Европскиот совет и во парламентот“, вели шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо.