1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Номиниран премиер на Украина

ЖА/дв/макфакс/дпа27 февруари 2014

Пет дена по превратот во Украина, позната е листата на членови за новата преодна влада. Поранешниот претседател на Парламентот, Јацењук, предложен е за премиер. Конечниот збор денеска го има Врховната Рада.

https://p.dw.com/p/1BGDZ
Фотографија: Reuters

Во Врховната Рада (парламентот) на Украина траба да биде формирана парламентарна коалиција којашто ќе го формира новиот состав на владата, составена од партиите Татковина, Удар и Слобода, како и непартиски пратеници, коишто ќе формираат свои пратенички групи или ќе влезат во постојните, додека Партијата на регионите и Комунистичката партија се изјаснија дека ќе дејствуваат како опозиција.

Украинскиот парламент на 21-ви февруари го усвои законот со кој беше вратен уставот на земјата од 2004 година, со што Украина се враќа на парламентарно-претседателскиот облик на управување со ограничувања на овластувањата на претседателот на земјата. Парламентарната коалиција доби право да формира влада, а мандатот на составот на Врховната Рада се зголеми од четири на пет години. Премиерот ќе биде избиран од пратениците предложени од претседателот. Парламентот, исто така, по предлог од претседателот е ги избира министрите за одрана, за надворешни работи и челникот на Службата за безбедност. Кандидатурите за другите членови на владата ќе ги истакнува премиерот.

Maidan/ Kiew/ Maidan-Rat/ Übergangsregierung
Фотографија: Reuters

Челникот на партијата Татковина, Арсени Јацењук изрази уверување дека гласањето за формирање на новата влада ќе се одржи утрово.

Неговата кандидатура за премиер вчера беше поддржана од т.н „народен совет“ на Плоштадот на независноста (Мајдан каде што три месеци протестираше опозицијата поради непотпишувањето на Спогодбата за придружување со ЕУ) и договорено со другите парламентарните партии.

За вицепремиер за евроинтеграции е предложен Борис Тарасјук, кој беше шеф на дипломатијата во времето на поранешниот претседател Виктор Јушченко. За министер за надворешни работи предложен е Андреј Дешчица, кој порано бил портпарол во министерството, па амбасадор на Украина ово Финска и специјален претставник на претседателот на ОБСЕ, за внатрешни работи Арсен Аваков кој сега е вршител на должноста на истата функција, но не е истакнат кандидат за министер за одбрана.

Јацењук, чиешто номинирање за премиерската функција на Мајдан беше пречекано со акламација, изјави дека личностите коишто ќе влезат во владата нема долго да се задржат во политиката. „Пред оваа влада стојат неверојатни предизвици и најискрено велам дека оние кои ќе влезат во оваа влада, од една страна ја спасуваат земјата, а од друга страна мора да разберат дека вршат политичко самоубиство. Тоа се луѓе кои за извесен период ќе излезат од политиката“, смета Јацењук.

Наредниот четврток или петок, новиот состав на владата и централната банка на земјата, Народната банка на Украина (НБУ) треба да ја објават антикризната програма. Според Јацењук, на Украина и‘ се неопходни 35 милијарди долари за да ја „закрпи буџетската дупка во 2014 година“. Европската унија и САД уште вчера најавија дека се подготвени да и‘ помогнат на Украина да се спаси од банкрот и ќе обезбедат финансиска помош за владата на Арсени Јацењук, а многумина на Западот како иден претседател на изборите што парламентот ги закажа за 25-ти мај, го гледаат лидерот на партијата Удар, светскиот боксерски шампион Витали Кличко.