1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ламерт останува претседател на Бундестагот

СН/БГ/ртр/миа/афп/дпа22 октомври 2013

Норберт Ламерт, политичар на Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел на денешната конституитивна седница на 18. состав на германскиот парламент е повторно избран за претседател на Бундестагот

https://p.dw.com/p/1A43G
Фотографија: Reuters/Fabrizio Bensch

Новоизбраниот состав на германскиот парламент- Бундестагот , кој брои 631 пратеник денеска (22.10), еден месец по парламентарните избори ја оддржа својата конституитивна седница. Притоа со 591 од вкупно 625 гласа на пратениците присутни на конститутивната седница, Норберт Ламерт е избран уште четири години да ја извршува функцијата претседател на германскиот парламент. 64-годишниот политичар на Христијанско демократската унија (ЦДУ) трет мандат по ред ќе ја извршува функцијата која важи за втора највисока функција во државата по онаа на сојузниот претседател. Ламерт е на чело на Бундестагот од 2005 година наваму.

Во Бундестагот има 36 проценти пратеници жени, што е најмногу досега и пет насто пратеници од имигрантско потекло, а првпат има и еден црномурест пратеник - Карамба Диабу од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел заедно со Христијанско социјалната унија имаат 311 места, СПД 193, Левицата 64 и Зелените 63 пратеници.