1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НСА го шпионирала седиштето на ОН?

АТ/ дпа/ртр25 август 2013

Германскиот неделник „Шпигел“ информира дека и Обединетите нации биле цел на шпионажа од НСА. Исто така и амбасадите на ЕУ биле шпионирани подолго отколку што се сметаше.

https://p.dw.com/p/19Vpw
Фотографија: picture alliance/Photoshot

Американската тајна служба НСА прислушувала и во централата на Светската организација во Њујорк. Тие летото 2012 година успеале да го пробијат системот за видеоконференции на ОН и истите да ги дешифрираат, информира неделникот „Шпигел“ повикуваќи се на документи на поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден. Ова доведе до „драматично подобрување на податоците од видео-телеконференциите и можноста да биде декодиран овој проток на податоци“.

Во еден случај, НСА ги открила кинеските тајни служби како шпионираат. НСА притоа го прислушувала тоа, што Кинезите претходно го шпионирале, информира „Шпигел“.

Во рок од три недели бројот на декодирани комуникации се зголемил од двнаесет на 458. Акциите на шпионажа биле илегални, имено во еден договор со ОН кој важи до денес, САД се обврзуваат да не спроведуваат тајни акции.

Како што информира „Шпигел“, НСА ги шпионирала застапништвата на Европската унија при ОН и откако тие се преселиле во новите амбасадорски простории во септември 2012 година.

Освен тоа НСА во повеќе од 80 амбасади и конзулати во светот одржувала програма за прислушување, која интерно се нарекувала „Special Collection Service“ и честопати била спроведувана без знаење на земјата домаќин. Вакви пунктови за прислушување НСА имала и во Франкфурт на Мајна и во Виена. Постоењето на прислушувачки единици во амбасадите и конзулати морало да се држи во тајност, под сите околности, цитира „Шпигел“ од документ на тајната служба. Доколку тие би биле обелоденети, тоа би им „нанело тешки штети на односите со земјата домаќин“.

Во првата реакција портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин оцени дека тие немаат сознанија за можно шпионирање на Обединетите нации и амбасадите од страна на НСА.