1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НЦЦ: Филе сака да ја задржи Македонија на патот кон ЕУ

А. Слањанкиќ/Б.Г.21 јануари 2013

Еврокомесарот Филе иницира нови преговори меѓу Скопје и Атина, пишува швајцарскиот „Ноје Цирихер Цајтунг“. Весниците на германски јазик пишуваат и за ренесанса на „титоизмот“ во Србија.

https://p.dw.com/p/17OI0
Фотографија: dapd

Македонија уште пред шест години доби статус на земја кандидат за прием во ЕУ. Сепак, почетокот на пристапните преговори го блокира владата во Атина, за која е спорно името на државата. За мотивите на иницијативата на комесарот Штефан Филе, Ноје Цирхер Цајтунг пишува:

„На коцка е ни помалку ни повеќе туку влијанието на ЕУ врз балканските држави, каде многумина веруваат дека ветувањата за членство во ЕУ се само флоскули. Но, и на државите од ЕУ Филе мора да им покаже дека процесот на проширување, со сите свои поттикнувачки мерки и барања, и понатаму е добар инструмент за реформа на државите и општествата на Западниот Балкан.

Постои добра причина зошто Филе се одлучи да го отвори токму прашањето на Македонија. Во другите држави кои се кандидати за прием, или би сакале тоа да бидат, состојбата е уште покомпликувана. На службениците кои работат во канцеларијата на комесарот за проширување очигледно не им недостасуваат идеи со кои се обидуваат да ја задржат Македонија на патот кон ЕУ. Па така, минатата година отворија преговори на високо ниво со Скопје кое се одвиваше токму според сценариото на пристапните преговори“, пишува Ноје Цирихер Цајтунг.

Титоизам во Србија

Истиот весник наведува дека во Србија е на сцена ренесанса на „титоизмот“, која беше карактеристична по држењето на еднаква дистанца и од западот и од истокот. Така, српскиот министер за стопанство Млаѓан Динкиќ на конференцијата на „Еуромани“ во Виена изјави дека влегувањето на Србија во ЕУ останува важна цел, но со оглед на презафатеноста на Европа со сопствените проблеми, владата во Белград планира стопанската соработка да ја бара првенствено на исток.

„Ваквите изјави можат да се толкуваат како празни закани кон ЕУ, но српските најави изминативе недели добија јасни контури. Со Кина е постигнат договор за инвестиција од една милијарда и двеста милиони долари за изградба на автопат. Новиот мост во Белград преку Дунав исто така ќе го гради кинеска фирма. Русија одобри 800 милиони долари кредити за модернизација на железницата, а постојат шанси и еден руски инвеститор да ја купи железарата во Смедерево. Обединетите арапски емирати најавуваат инвестиции во земјоделството и системите за наводнување.

Screenshot Griechenland NZZ FLASH Galerie
Фотографија: nzz.ch

Во Брисел треба да бидат загрижени како оваа држава стопански се оддалечува од зоната на влијание на ЕУ и на тој начин ја ослабува можноста за влијание од Брисел“, пишува НЦЦ.

Југот емигрира

Зиддојче Цајтунг пишува за лошиот почеток на годината за европјаните на југот на континентот. Невработеноста достигнува рекордно ниво, во Шпанија растат бројот на самоубиствата, во Грција луѓето немаат пари за греење, па ложат дрва и мебел. Во Италија на власт сака да се врати политичар кој ја доведе државата на работ на амбисот. Милиони млади од југот на Европа тргнаа на патот по кој некогаш одеа и нивните дедовци - во емиграција. Доколку некој сака да го заживее стопанството во тие земји тогаш треба да понуди нешто повеќе од програми за штедење, пишува Зидојче Цајтунг.