1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Russland Außenpolitik

21 мај 2009

Русија има нов документ за безбедносната доктрина на земјата. Во него се зборува пред се‘ за социјалните и економските предизвици на Русија, но индиректно, САД и НАТО се претставени како главни противници.

https://p.dw.com/p/HtGh
Фотографија: AP

Кога пред една година станаа јасни сигналите за криза во американскиот финансиски свет, Русија на извесен начин се „ситеше“. Таму се велеше дека САД претерале и дека сега, како што му се случи на Советскиот сојуз пред 20 години, им почнува глобален пад.

Руското раководство со Медведев и Путин на чело, наспроти тоа, ја фалеше нова Русија како сигурно пристаниште и дури ја понуди својата земја како алтернативен финансиски центар за светот. Конечно, цената на нафтата минатото лето се движеше околу 150 американски долари за барел, а руските финансиски резерви и резерви на злато беа на рекордно ниво. Во состојба на опиеност од ваквата замислена јачина, Русија демонстрираше и воена сила против Грузија, во август 2008 година. Но, во меѓувреме, дојде отрезнувањето.

По рекордите што ги постигна, цената на нафтата значително падна, а со тоа се намали и изворот на рускиот економски пораст во последните години. И уште повеќе, концептот на Путин, што тој го спроведува со години - да ја модернизира Русија како енергетска сила и на тој начин да добие повторно статус на голема светска сила - доби пукнатини.

Русија останува пол за себе

Финансиските резерви и резервите на злато досега помогнаа за намалување на актутните симптоми на кризата, но дојде до израз едностраната зависност на руската економија од извоз на суровини и особено од извоз на енергија. Последица на тоа е падот на вредноста на рубљата. Русија успеа да развие нови индустрии и технологии, не успеа борбата против корупцијата и изградбата на пазарно-економски структури. За чудо, во Москва нема ниту обиди за борба против кризата со стратегиски реформи. Во Кремљ само се надеваат дека САД наскоро ќе излезат од кризата и дека со зајакната светска економија повторно ќе пораснат цените на енергијата на меѓународните пазари.

Symbolbild USA Russland
Ривалството со Западот останува константа на руската надворешна политикаФотографија: AP/DW

Иако поради светската економска криза е неопходна поголема меѓународна соработка, Русија останува верна на својата досегашна концепција, според која земјата, во мултиполарно уредениот светски поредок, е пол сам за себе. Но, со оглед на едностраната економска структура и демографскиот развој на Русија, под знак прашање е дали таа, покрај САД, ЕУ и земји во забрзан подем како Кина и Индија, може да ја задржи оваа позиција во иднина. Русија во меѓународни рамки нема партнер кој има значење. Членството на Русија во Групата 8, стекнато последните години, по самитот на Групата 20 во Лондон, се чини, загуби на значење. На властодршците во Кремљ сигурно не им остана незабележано со колкаво неинтересирање од страна на другите учесници на самитот беа игнорирани руските предлози за решение на светската криза.

Многу симболика, малку значење

Руските политичари кои се занимаваат со надворешна политика би биле радосни, доколку на преговорите со САД за разоружување би можела да биде повторно оживеана старата улога на Русија. Но, и тука правецот е јасен - Русија веќе нема ресурси да го одржува постоечкото оружје и техника или, пак, тоа оружје да биде земенeто со нови типови ракети. По многу симболика, со САД ќе биде постигнат договор, но тоа на Русија нема да и‘ донeсе поголемо значење во светот.


Автор на коментарот: Инго Мантојфел

Превод: Елизабета Милошевска Фиданоска

Рeдактор: Жана Ацеска