1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ветува праведни САД

25 јануари 2012

Претседателот Барак Обама порача дека по финансиската криза и рецесијата САД се повторно на добар пат. Истовремено тој во обраќањето до нацијата порача дека земјата се наоѓа на точка на пресврт.

https://p.dw.com/p/13pO7
Обама рече дека земјата се наоѓа во момент на пресвртФотографија: dapd

Десет месеци пред посакуваниот реизбор за претседател на САД, Барак Обама го постави токму економското заздравување на земјата во фокусот на неговото обраќање до нацијата на заедничката седница на двата дома на американскиот Конгрес.

Американскиот претседател притоа се заложи за поголема економска праведност во земјата. Најитен предизвик за САД во моментов е секој да добие фер шанса, рече Обама во традиционалното обраќање до нацијата, последно пред претседателските избори во земјата во ноември.

Повисок данок за милионерите

Obama Rede zur Lage der Nation Publikum
Традиционалното обраќање до нацијата беше последно пред претседателските избори во ноемвриФотографија: dapd

САД не смеат да бидат земја во која на мал број луѓе им оди добро додека растечки број на Американци едваj преживуваат, истакна Обама. Тој притоа се заложи за данок од најмалку 30 проценти за милионерите во земјата.

„Треба да го промениме даночниот закон на таков начин, што луѓето како мене или како многу конгресмени ќе го плаќаат својот дел од даноците. Фискалната реформа треба да биде според правилото Бафет - ако заработувате повеќе од еден милион долари годишно, треба да плаќате најмалку 30 проценти данок“, посочи Обама.

Надворешната политика не беше во фокусот

Obama Rede zur Lage der Nation
Поголемите даноци за богатите во фокусот пред надворешната политикаФотографија: dapd

Во минатото плановите на претседателот за поголемо одданочување на богатите постојано пропаѓаа поради отпорот кај опозициските републиканци. Меѓутоа, тоа би можело да биде нивна слаба точка во изборната кампања, која Обама може да ја искористи.

Имено еден од нивните натпреварувачи за претседателската кандидатура, милионерот Мит Ромни, пред кусо време мораше да признае дека во изминатите две години заработил 43 милиони долари, но за нив платил само 14 проценти данок, што е помала даночна стапки дури и од еден возач на автобус во САД.

Претседателот се разбира се осврна и на надворешната политика. Притоа изрази задоволство дека американските војски веќе не војуваат во Ирак и оти Осама бин Ладен веќе не е закана за САД. Обама во говорот го наведе и проблемот со спорната нуклеарна програма на Иран, додавајќи оти САД не исклучуваат ниту една опција.

Автор: СН/ АМ/ ард/ дпа/ ртре/ миа

Редактор: Александра Трајковска