1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама даде сигнал за предизборен напад

7 септември 2010

Подобри патишта и шини, модерни аеродроми - американскиот претседател Барак Обама сака со нова инфраструктурна програма да и‘ даде поттик на економијата и да обезбеди нови работни места. Почнува борбата за Конгресот.

https://p.dw.com/p/P5tS
Барак Обама во Милвоки - со борбен говор и без вратоврскаФотографија: AP

Американскиот претседател Барак Обама го искористи традиционалниот „Ден на трудот“ како сигнал за напад. Пред работниците во Милвоки, во сојузната држава Висконсин, тој најави инфраструктурна програма тешка 50 милијарди долари за да се поттикне ослабнатата конјуктура во земјата. Програмата треба да создаде нови работни места, но со нејзе треба да се модернизираат и патната мрежа, железничките линии и аеродромите.

„Сакам Америка да има најдобра инфраструктура во светот“, рече Обама, појаснувајќи дека би требало да се обноват околу 240.000 километри патишта и 6.400 километри шини.

Републиканците тврдат дека Обама попусто ќе троши пари

Најавите на Обама го означија и почетокот на предизборната борба за важните избори за Конгресот, што треба да се одржат на почетокот на ноември. Главните теми на кампањата веќе се оцртуваат - економијата и високата невработеност, која сега изнесува 9,6 проценти. Републиканците обвинуваат дека политиката на поттикнување на конјуктурата што ја спроведува Обама не функционира и е само попусто трошење даночни пари. Луѓето се‘ уште чекаат на работните места што им беа ветени со конјуктурната програма на владата на Обама тешка 800 милијарди долари, вели републиканецот Мич Мекконел. Според него, новата инфраструктурна програма значи само нови даночни оптоварувања.

USA Präsident Barack Obama Infrastruktur
Ќе ги убеди ли избирачите?Фотографија: AP

Обама сака да ги укине даночните олеснувања за концерните со нафта и гас

Претседателот Обама нагласи дека нема намера да го зголемува буџетскиот дефицит. Според владини извори, Обама за финансирање на конјуктурната програма има намера да ги укине даночните олеснувања за нафтените концерни и концерните за гас. Освен тоа, претседателот најави и основање инфраструктурна банка која би требало да се концентира на финансирање инфраструктурни проекти на сојузно и регионално ниво.

Symbolbild US Konjunkturpaket
Луѓето се‘ уште чекаат на работните места што им беа ветени со конјуктурната програма на владата на Обама тешка 800 милијарди долари, вели републиканецот Мич Мекконел

„Сакаме да одиме напред, Америка секогаш оди напред“, рече борбено американскиот претседател Барак Обама пред работниците во Милвоки. Политичките експерти, меѓутоа, се сомневаат во тоа дека ќе успее да го поправи слабиот рејтинг на неговата партија до изборите за Конгресот, затоа што се очекува избирачите да гледаат во бројките на невработеноста и стопанскиот пораст, кои предизвикуваат главоболки. А, бројките, до ноември, како што се претпоставува, нема да бидат подобри отколку сега, зашто колку и бргу да бидат одобрени нови програми за поттик на конјууктурата, тие би дале резултати дури наредната година.

Автор: ЕМФ/АТ/СМ/дв

Редактор: Жана Ацеска