1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама - дигитален воин?!

АТ/ афп/ дапд/ дпа2 јуни 2012

Нема коментар, нема ниту демант: Белата куќа молчи за извештаите, според кои претседателот на САД Обама лично поттикнувал дигиталнo водење војна. Вирусот Стакснет против Иран беше голем успех.

https://p.dw.com/p/156wV
Фотографија: picture-alliance/dpa

Нападите со компјутерскиот вирус Стакснет врз иранските атомски постројки биле директно наредени од Барак Обама, известува весникот „Њујорк тајмс“. Кога во летото 2010 година вирусот Стакснет излезе во јавноста, американскиот претседател ја забрзал акцијата. Авторот на извештајот и главен коренспондент на весникот од Вашингтон, Дејвид Е. Сенгер се повикува на информации од безбедносни кругови.

Програма наследена од претходникот

Белата куќа не сакаше да заземе став по ова прашање. Заменикот портпарол на владата Џош Ернест изјави дека извештајот ниту би можел да го потврди, ниту да го демантира. Таквите информации од добри причини се тајни, смета тој.

Symbolbild Iran Cyberattacke Virus Wurm
Фотографија: Fotolia/bofotolux

Нападите со компјутерски вируси и други штетни програми врз Иран започнале уште во времето на претходникот на Обама, претседателот Џорџ Буш јуниор, пишува „Њујорк тајмс“. Откако ја презел должноста во јануари 2009 година, претседателот Обама значително ја поддржал програмата. Иако штетните вируси на интернет ги надминаа границите на Иран и се проширија во целиот свет, претседателот и натаму цврсто се придржувал до дигиталното водење војна. Обама донел одлука, да ги засили нападите, и откакоа Стакснет вирусот летото 2010 година се појави на интернет поради грешка на програмерите. Неколку недели подоцна понова верзија на вирусот ја нападна иранската атомска постројка Натанс и извесен период беа блокирани речиси 1.000 од 5.000 ирански центрифуги.

Код: „Олимписки игри“

Американската влада проценува дека вирусот Стакснет ја вратил назад иранската атомска програма за еднаипол до две години. Експертите надвор од Белата куќа меѓутоа се скептични.

Stuxnet Virus
Фотографија: picture-alliance/Maximilian Schönherr

Тајната акција под името „Олимписки игри“ би била првиот американски сајбер напад, кој е насочен против една замја, за кој дознала јавноста. Во развивање на штетниот софтвер учествувал и Израел, кој смета дека е загрозена неговата егзистенција со тоа што Иран разива атомска програма. 

Стакснет беше високо компликуван комјутерски вирус кој ги напаѓаше исклучиво индустриските системи на Сименс, во конфигурација типична за атомски центрифуги. Целта на нападите беше системот на Сименс Симатик С7, кој се користи во индустриските постројки за надгледување и управување на техничките процеси.

Извештајот во весникот се темели врз извадоци од книгата „Контролирање и криење: тајните војни на Обама и неговото изненадувчко користење на американската моќ“. Новинарот Дејвид Стенгер за таа цел истражувал еднаипол година и анкетирал активни и поранешни владини претставници и службеници од САД, Израел и Европа.