1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама им ги отвори портите на црнците

Карстен Шмистер12 ноември 2008

Црнец на врвот на американската држава. За многу Американци изборот на Барак Обама е знак за тоа дека бојата на кожата или етничкото потекло веќе не е аргумент „за“ или „против“ успех во општеството.

https://p.dw.com/p/Frsw
Сега мораат сите подеднакво да се ангажираатФотографија: AP

Само неколку дена по победата на Обама, политичарите и интелектуалците веќе почнаа оваа порака да ја претвораат во барање: бидејќи сите можат да успеат, мораат сите подеднакво да се ангажираат. Веќе нема аргументи за обзири кон запоставените.

За многумина Американци изборот на Барак Обама за следен претседател на САД претставува остварување на сонот. Сонот за Америка, во која обично запоставуваните малцинства, можат да имаат голема улога во општеството. Победата на 47-годишниот Афро-американец за нив претставува нешто, што досега го немале: неповторлив идол и со тоа нова самодоверба.

Сонот можат да го живеат и црнците

Forbes 2003 Musikerin Oprah Winfrey Porträtfoto
За некои луѓе, американскиот сон одамна се оствариФотографија: AP

„Да, можеме“ - беше главното мото во предизборната кампања на Обама. Милиони Американци од сите раси го извикуваа слоганот на настапите на Обама. Американскиот сон продолжува да живее, и тоа за сите. А сега можат да го живеат и црнците, американското малцинство на кое тоа досега најмалку му успеваше. Меѓутоа, оваа група население се соочуваше и со критики дека наводната обесправеност ја користи како изговор за воопшто и да не се потруди да постигне нешто. И сето тоа под мотото: нема смисла ни да се обидуваш. На ова посочи и црномурестата водителка на ток-шоуто „The View“. Таа пластично опиша како било пред Обама и како никогаш повторно не смее да биде: "Кога еднаш им кажав на моите роднини дека сакам да станам позната комичарка, тие ми одговорија: гледај да се вработиш во поштата. Секако нам не ни даваат повеќе. Но, јас сега можам на мојот син да му кажам: за тебе не постојат граници.“

Времињата се променија

USA Vorwahlen Demokraten Barack Obama
Победата на Обама има голема симболикаФотографија: AP

Не постојат граници, но веќе за никој не постојат ниту извинувања, вели конзервативниот радио-водител и поранешен министер за образование, Бил Бенет. „Никој не смее веќе да каже: секако нема да успеам. Во толку големо општество, нормално е да има проблеми. Но, оваа победа има навистина голема симболика.“

Времињата се променија, како што кажа и Даглас Вајлдер, некогашниот прв црнец-гувернер на државата Вирџинија, кого Обама го нарече „лидер“. Во една прилика, Вајлдер изјави: „Старите изговори не важат повеќе. Не можам, не можеме... тоа заврши.“