1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама му оддава почит на Израел

АТ/ дпа/ афпе/ ртре22 март 2013

На крајот на посетата на Израел американскиот претседател Барак Обама го посети споменикот Јад Вашем. Обама турнејата ја продолжува во Јордан каде повторно ќе води разговори за блискоисточниот мировен процес.

https://p.dw.com/p/182if
Фотографија: Reuters

„Ова е место, каде целиот свет се потсеќа на облакот на лошото, кој може да надвисне над еврејскиот народ и целото човештво, доколку некогаш би попуштила нашата будност“, рече американскиот претседател Барак Обама во говорот пред млади Израелци во чевртокот. Тој притоа повторно оцени дека така нареченото решение со две држави е пат кој може да се изоди за да се постигне траен мирен соживот меѓу Израел и Палестинците. Исто така и за време на неговите политички разговори со претставниците на владите на двете страни американскиот претседател се заложи за обновување на мировните преговори.

Во споменикот Јад Вашем во Ерусалим, кој е знак на сеќавање на убиството на шест милиони Евреи за време на национал-социјалистичкиот режим во Германија во Втората светска војна, Обама положи венец. Заедно со претседателот Шимон Перез и премиерот Бенјамин Нетанјаху претходно ги посети гробовите на сооновачот на ционизмот, Теодор Херцл и премиерот Јицак Рабин, кој во 1995 година беше убиен од десно-екстремисти во Израел.

Obama in Israel
Фотографија: Getty Images

Последна станица на посетата на Обама на Израел е црквата на Исусовото раѓање во Витлеем.

Американскиот претседател Барак Обама турнејата ја продолжува во Јордан, каде со кралот Абдула Втори ќе разговара за натамошни чекори за заживување на блискоисточните мировни преговори. Министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери по посетата на Јордан, повторно би требало да замине за Ерусалим каде на премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе му ги пренесе разговорите од Јордан.

Главната задача на Кери во наредните месеци ќе се состои во тоа да ги придвижи страните во конфликтот на разговори.