1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама најави корекција на анти-терор политиката на САД

АТ/ дпа/ ртр/ афп24 мај 2013

Со оглед на критиката поради американските напади со беспилотни летала врз наводни терористи, американскиот претседател Обама воведува нови правила за ваквите акции. Претседателот и натаму сака да го затвори Гванатамо.

https://p.dw.com/p/18dDV
Фотографија: Getty Images

„Нашата нација се'уште е под закана“, изјави американскиот претседател Барак Обама во говорот посветен на антитерористичката борба, одржан на Универзитетот за национална одбрана во Вашингтон. Ситуацијата околу заканите меѓутоа се промени од нападите на 11. септември 2001 година. САД повеќе не се наоѓале во „неограничена борба против теророт“. Многу повеќе армијата и тајните служби на различни места спроведуаваат поединечни и целни акции за откривање на непријателски мрежи. Ова било причината зошто САД и во иднина нема да можат да се откажат од употребата на беспилотни летала во странство.

Истовремено претседателот Обама најави построги правила за иднита напади со беспилотни летала. Според новите правила, кои тој ги потпиша во средата (22.05.) би смеело да се убиваат само членови на терористичката мрежа Ал Каеда или нивни сојузнички групи, рече Обама. Употребата на беспилотни летала ќе биде дозволена, доколку терористите не можат да бидат уапсени. Освен тоа, летовите ќе се спроведуваат само во консултација со државите, на чија територија би требало да бидат изведени нападите.

Одговорноста ја презема Пентагон

Досега одговорноста за употребата на беспилотни летала беше кај тајната служба ЦИА. Сега таа преминува во рацете на Министерството за одбрана, соопшти Обама. Предуслов за напад со беспилотно летало би бил доколку постои непосредна закана за САД и нејзините граѓани. Освен тоа, треба да постои поголема сигурност дека при нападите нема да бидат ранети или убиени цивили. Исто така и лица осомничени за тероризам со американско државјанство владата во одредени случаи би смеела целно да ги убие, соопшти претседателот. Претходно американската влада за првпат призна дека од 2009. година преку напади со беспилотни летала бил убиен радикалниот исламистички духовник Анвар ал Аулаки и уште тројца американски граѓани.

Drohne vom Typ MQ-1 Predator beim Landeanflug
Беспилотно леталоФотографија: picture-alliance/dpa

И покрај построгите правила, целното убивање на осомничени останува сива зона, призна претседателто Обама. „Да се каже дека една воена тактитка е легална и дури и ефективна, не значи дека е мудра или дека е надвор од секаков морален сомнеж“. Претседателот Обама, откако стапи на функцијата во 2009. година, ги прошири нападите со беспилотни летала врз осомничени терористи во земјите како Сомалија, Пакистан и Јемен. Ова предизвика силни критики од страна на организациите за човекови права за американската влада. Исто така и Конгресот се заложи за поголема транспарентност.

Нова иницијатива за затворање на Гванатанмо

Обама во неговиот говор најави и нова иницијатива за затворање на затвореничкиот логор Гвантанамо на Куба, каде наводни терористи со години се затворени без обвинение ниту процес против нив. Тој ќе именува висок по ранг службеник, кој треба да работи на затворање на спорниот логор, рече претседателот. Обидите на Обама да го затвори логорот кој го отрвори неговиот претходник, претседателот Џорџ Буш, досега беа неуспешни поради отпорот од Конгресот. Во Гвантанамо се'уште се затворени 166 луѓе. 86 од нив веќе не се сметаат за закана. Околу две третини од затворениците во Гвантанамо во моментов штрајкуваат со глад.

Guantanamo Gefangenelager Kuba USA Übersicht
ГвантанамоФотографија: Reuters

Обама го повика Конрегост, да ги отстрани пречките за трансфер на затворениците во други земји. Тој повторно треба да дозволи, затворениците од Јемен да се вратат во нивната татковина. Од Министерството за одбрана претседателот побара да најде место во САД каде можат да се одржат воени процеси против осомничени за тероризам.