1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама не верува дека Израел ќе го нападне Иран

6 февруари 2012

Израел, според проценките на американскиот претседател Барак Обама, нема конкретен план за напад врз Иран, тој не верува дека е веќе донесена одлука во врска со тоа.

https://p.dw.com/p/13xha
Барак Обама тврди дека нема конкретен план за напад на Израел врз ИранФотографија: dapd

Обама ова го изјави во телевизиско интервју за Ен-Би-Си. Но, се’ додека Иран не се откаже од својата контроверзна атомска програма, Израел останува загрижен, исто како и САД. Обама ја повтори својата недеж за дипломатско решение на конфликтот околу иранската атомска програма.

На прашање дали Иран има потенцијал да ги нападне САД, Обама одговори:

„Немаме никакви докази дека тие сега имаат такви намери или можности“. Обама додаде дека САД не исклучуваат ниту една од можните варијанти на акции спрема Иран - вклучително и воен одговор, повторувајќи дека Вашингтон сака проблемот да биде решен со дипломатски средства и со учество на меѓународната коалиција.

Israel Türkei Luftraum Sperrung Flugzeug Flughafen Flagge Fahne
Обама се надева дека проблемот меѓу Израел и Иран ќе се реши со дипломатски, а не со воени средстваФотографија: picture alliance/landov

Американскиот претседател не даде одговор на прашањето дали Израел ќе ги извести навремено САД ако реши да го нападне Иран.

„Нашите држави постојано се во консултации во воената и разузнавачката сфера. Ќе работиме за да се обидеме тој проблем да го решиме, се надеваме, со дипломатски средства“, истакна тој.

Меѓутоа, американскиот министер за одбрана Леон Панета претходно изјави дека Израел веројатно ќе го нападне Иран.

Автор: Жана Ацеска/АМ/дв/ртре

Редактор: Б. Георгиевски