1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

040509 Guantanamo Obama

4 мај 2009

Американската администрација во Вашингтон предизвикува бура реакции - владата наводно планира да не се откаже од спорните воени трибунали за Гвантанамо.

https://p.dw.com/p/HjLn
Во судската сала во ГвантанамоФотографија: AP

„Гвантанамо ќе биде затворен за една година“ Ова го изјави американскиот претседател Барак Обама непосредно по преземањето на функцијата. Тој тогаш најави и дека постапките против лицата осомничени за тероризам пред воените судови во Гвантанамо ќе бидат прекинати до 20 мај.

Стара игра, нови правила

Сепак Обама и неговите советници во меѓувреме очигледно ги гледаат во поинаква светлина воените судови во Гвантанамо и нивните процеси против осомничените терористи на Ал Каеда.

„Во моментов се наоѓаме во процес на формирање на мислење и имаме добар напредок“, изјави најблискиот советник на Обама, Дејвид Акселрод за радио-станицата „НПР“. Колку повеќе правниците во владата по стапувањето на Обама на функцијата се занимаваа со воените трибунали во Гвантанамо, толку помалку негативна е нивната пресуда за нив, цитираше за време на викендот весникот „Њујорк Тајмс“ неименуван претставник на администрацијата во Вашингтон.

И американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс минатиот четврток пред еден комитет на Конгресот истакна дека воените судови во Гвантанамо и натаму се опција. Тоа меѓутоа не беше единствената изненадувачка изјава на министерот, известува реномираната радио емисија „Демокраси нау“. Според новинарите, Гејтс најавил дека стотина затвореници би можело по затворањето на Гвантанаму без судски процес, на неопределено време да бидат и натаму затворени и тоа на територијата на САД. Гејтс според информациите на „Демокраси нау“ изјавил и дека во случај на нужда тој би морал дополнително да побара и 50 милиони долари за изградба на нов анти-терористички затвор.

USA Kuba Guantanamo Oberster Gerichtshof
До 2010 Гвантамо треба да биде затворенФотографија: AP

Многу затвоореници од Гвантанамо се премногу опасни за да бидат ослободени изјавил Гејтс. Во недостаток од докази меѓутоа тие не можат да бидат осудени.

Многу докази потекнуваат од сослушувањата на ЦИА

Меѓутоа советниците на Oбама гледаат огромни потешкотии за судење на затворениците од Гвантанамо пред регуларните американски судови и при појасна состојба со доказите. Имено многу од т.н. докази се базираат на сослушувањата изведени од ЦИА под услови на измачување и поради тоа не би биле признати од страна на американските судови. Покрај тоа припадниците на тајните служби поради опасноста од разоткривање на нивните активности и идентитет би се колебале да се појават пред нормалните американски судови. Наскоро за овие проблеми ќе биде заземен став, најави советникот на претседателот Обама, Дејвид Акселрод.

Владата на Барак Обама под вакви околности веќе во оваа недела повторно ќе ги ангажира трибуналите во Гвантанамо. Организациите за човекови права како „Хјуман рајтс воч“ реагираат со жестока критика, а голем број приврзаници на Обама се огорчени.

Автор: Ралф Зина / Симе Недевски

Редактор: Алексанадра Трајковска