1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама патува на Блискиот Исток да го подобри имиџот

Кристина Бергман / Александар Методијев20 март 2013

За првпат американски претседател патува на Блискиот Исток. Обама на почетокот на неговиот мандат објасни дека сака да го унапреди мировниот процес, а сега станува збор пред се’ за подобрување на неговиот имиџ.

https://p.dw.com/p/17ziX
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Претседателот нема да патува со конкретен мировен план во чанта“, објасни Џош Ернест, заменик портпаролот на Белата куќа, на почетокот од март. Сепак, Барак Обама согледува дека е од интерес на двете страни да се зборува за мировен договор и затоа тој со Израелците и Палестинците ќе зборува за мировниот процес. Но, неговото патување во Израел, Западниот Брег и Јордан треба да послужи за други цели.

„Тој е многу заинтересиран за тоа директно да му се обрати на израелскиот народ“, рече Ернест, „и тој на тоа гледа како на можност да ја демонстрира својата поддршка на Израел и својот ангажман во безбедноста (на населението, н.з.), нешто што го нагласувавме секогаш во минатава година“. Обама нема да одржи говор пред пратениците во Кнесетот.

И покрај широката воена и финансиска поддршка за Израел од страна на владата на Обама, американскиот претседател постојано се соочува со обвинувања дека не прави доволно за Израел. Критиката пред се’ доаѓа од Израелци, но и од страна на републиканците. Му се забележува дека во март 2010 година не одржа заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој и’ беше гостин на Белата куќа, како и дека одеднаш заминал од заедничката средба со Нетанјаху.

Treffen Barack Obama und Benjamin Netanjahu in Washington
Се смета дека односите се заладени откако во март 2010 годиа Обама го напушти состанокот со НетанјахуФотографија: dapd

Релаксиран однос кон Нетанјаху

Потоа односите меѓу двајцата политичари се заладија. Сегашната посета е „обид да се расчисти со претходните недоразбирања, посебно со мислењето дека претседателот е непријателски настроен против Израел и оти нема некоја емоционална поврзаност со земјата“, вели Арон Давид Милер, кој во однос на политиката на Блискиот Исток советувал шест министри за надворешни работи од двете страни на политичкиот спектар.

Затоа е неверојатно дека Обама ќе го обнови притисокот врз Нетанјаху во однос на политиката на населување, смета писателот и поранешен дипломат. Освен тоа, се работи за разговори со израелскиот премиер за еден друг проблем во регионот – нуклеарниот спор со Иран.

„Санкциите не даваат резултати и кога не функционира и дипломатијата, тогаш претседателот е принуден да ја разгледува и воената опција“, објаснува Милер во интервју за Дојче веле.

Treffen Barack Obama und Benjamin Netanjahu in Washington
Двајцата политичари имаат бројни регионални теми за разговорФотографија: dapd

Нема да недостасуваат и други теми за разговор. Нестабилната ситуација во Египет и кризата во Сирија се теми за кои двајцата политичари мораат да се интересираат. Иако мировниот процес на Блискиот Исток повеќе не е го држи првото место на кризната листа на американската влада, сепак израелскиот претседател Шимон Перез објасни дека посетата на обама е добра можност да се обнови мировниот процес.

Мировниот процес е како рокенрол

„Преживувањето на палестинскиот водич зависи од чекорите во насока на независна палестинска држава“, вели Калед Елгиндиј од институтот Брукингс во Вашингтон. Тој со години го советувал палестинското раководство во преговорите за статусот. Елгиндиј вели дека палестинскиот претседател Махмуд Абаз одамна се залага за ангажман на САД. По првичниот оптимизам, а посебно по повлекувањето на специјалниот пратеник Џорџ Мичел во мај 2011 година, јасно е дека на мировниот процес повеќе не му се дава приоритет. Фокусот е ставен на домашната политика и реформите во здравството, мигрантската политика и законот за вооружување.

Дали тоа значи дека мировниот процес на Блискиот Исток е мртов? „Мировниот процес е како рокенрол“, смета Милер и додава: „Тој нема никогаш да умре“.