1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама подготвен за преговори за буџетот, но настојува на данокот за богатите

СН/дв15 ноември 2012

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама ги постави економскиот подем и бробата против државното задолжување во фокусот на неговиот втор мандат.

https://p.dw.com/p/16jVo
Фотографија: Reuters

Главни приоритети за време на неговиот втор четиригодишен мандат како претседател на САД, мора да бидат работните места и економскиот раст, изјави Обама на неговата прва пресконференција по реизборот на функцијата. Во спорот околу буџетот со републиканците , тој изрази подготвеност за преговори , меѓутоа и натаму опстојува на повисоки даноци за богатите. Покрај кон компромисот за буџетот до крајот на годинава, Обама истакна дека же се стреми и кон долгорочен договор со републиканците за санација на буџетскиот дефицит.

На секс- скандалот околу поранешниот шеф на тајната служба ЦИА, Дејвид Петреус, во која е вовлечен и командантот на американските и на меѓународните заштитни сили во Авганистан, генералот Џон Ален, Обама издвои малку простор за време на првото појавување пред новинарите по победата на изборите на 6 ноември. Тој пред се’ увери дека од скандалот нема да има последици врз националната безбедност на САД.

Американскиот претседател, исто така, нагласи дека нема да се меша во истрагата на ФБИ околу аферата „Петреус“ и нема да коментира за елементи од истрагата.

Генералот Петерус во петокот поднесе оставка од функцијата директор на ЦИА откако призна завонбрачната врска со авторката на неговата биографија Пола Бродвел.