1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама по шпионскиот скандал вети реформа на тајните служби

СН/АТ/дпа/афп/ртр10 август 2013

По аферата со сеопфатниот надзор на интернет и телекомуникациите од страна на американските тајни служби, претседателот Барак Обама најави нивна реформа. Целта е поголема транспарентност.

https://p.dw.com/p/19NM5
Фотографија: Reuters

Американскиот претседател Барак Обама најави дека ќе побара реформа на програмата за разузнавачки надзор на интернет и телефонските комуникации кои изминатите месеци предизвикаа бурна полемика во САД.

Обама на прес конференција во Вашингтон истакна дека ќе биде воспоставен поголем надзор над програмите на Националната безбедносна агенција (НСА) и како еден пример наведе формирање надворешна комисија составена од поранешни разузнавачки лица, претставници на организации за заштита на човекови права и правници кои ќе следат детали од програмата.

„Не е доволно само јас како претседател да верувам во тие програми туку и американскиот народ треба исто така да верува во нив“, изјави Обама.

Претседателот уште најави дека ќе се заложи за промена на постапките во тајните судови кои се задолжени за одобрување на надзорот. Тамошните судии досега изгледа повисоко ја ценеа безбедноста на граѓаните од нивните права, истакна Обама.

Тој најави и објавување анализа на Министерството за правда со законско образложување на програмата за надзор која во јуни ја откри поранешниот соработник на НСА и ЦИА, Едвард Сноуден. Обама истакна дека Сноуден не е патриот заради тоа што открил програми што ги користи Владата за надзор на интернет.