1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама: САД се пред судбоносна одлука

ЖА/дв/ртре7 септември 2012

Американскиот претседател Барак Обама ги повика американските граѓани да одлучат во кој правец ќе оди нивната земја. Тој ја прифати номинацијата на Демократската партија за претседателски кандидат.

https://p.dw.com/p/164m8
Фотографија: Reuters

Барак Обама ја прифати номинацијата на Демократската партија на нејзиниот национален конгрес и ќе се соочи со републиканецот Мит Ромни на претседателските избори во САД, на 6. ноември.

Американскиот претседател Барак Обама ги повика американските граѓани да одлучат во кој правец ќе оди нивната земја. Во својот говор на партискиот конгрес на Демократската партија во Шарлот, Северна Каролина, Обама истакна - за избор се нудат две, во основа различни, визии за иднината, зашто двајцата кандидати за американски претседател застапуваат различни правци. Актуелниот претседател и кандидат на демократите за оваа функција побара повеќе трпение во совладувањето на кризата, истакнувајќи ги предностите на својата политика. Обама конкретно вети еден милион нови работни места до 2016. година, двојно зголемување на американскиот извоз до 2014. година и намалување на државниот дефицит за четири илјади милијарди долари во период од 10 години.

Barack Obama Parteitag Demokratische Partei
Фотографија: Reuters

Џо Бајден беше официјално потврден за кандидат на Демократската партија за потпретседател на САД на синоќешниот Конгрес.

Претседателските избори во САД ќе бидат одржани на 6. ноември. Противкандидат на Обама од редовите на Републиканската партија е претприемачот и мултимилионер Мит Ромни.