1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама сака да ја поврати загубената доверба

Геро Шлис/ Симе Недевски10 август 2013

Американскиот претседател Барак Обама премина во офанзива и најави поголема контрола врз разузнувачките програми на тајните служби и транспарентност. Но тој не кажа ништо за тоа дали тие ќе бидат ограничени.

https://p.dw.com/p/19NQi
Фотографија: Reuters

Непосредно пред почетокот на неговиот летен годишен одмор, американскиот претседател Барак Обама очигледно сакаше уште еднаш да премине во офанзива. Како главни на конференцијата за печат во Белата куќа, тој одбра две спорни теми, од особена важност не само за САД, туку и за Германија.

Првата тема се однесува на програмата на американската Национална служба за безбедност (НСА) за надгледување и контрола, чија работа во Европа предизвика големи дискусии, но и вознемири голем број Американци. Втората тема е врзана за односите со Русија. Обама го откажа состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, планиран за почетокот на септември. Во двата случаја голема улога игра Едвард Сноуден. Со објавување на тајните операции врзани за програмата за надгледување и контрола, Сноуден американската влада ја доведе во тешка ситуација- по прашање на внатрешната, но и на надворешната политика. Истовремено, одлуката на Москва на Сноуден да му даде азил во времетраење од една година, предизвика дополнителна криза помеѓу САД и Русија, што на крајот резултираше и со откажување на состанокот меѓу Обама и Путин закажан за во септември.

Парадоксална ситуација околу Сноуден

Обама во текот на конференцијата за печат кусо го спомена и Сноуден. На прашањата на новинарите, што мисли за него, американскиот претседател одговори дека „тој не е патриот“. Но, од друга страна, Обама призна дека сепак без Сноуден не би дошло до мерки кои сега ќе уследат по прашање на работата на НСА. „Имаме една навистина парадоксална ситуација во која тој се наоѓа во улога на баран злосторник. Но, од друга страна, нашата администрација признава дека без него и неговите дела не би ја преиспитала својата досегашна политика“, вели Кори Велт, заменик директор на Институтот за европски, руски и евроазиски студии во Вашингтон.

USA NSA Geheimdienst Hauptquartier in Bluffdale Utah
Фотографија: Getty Images
Barack Obama Pressekonferenz
Фотографија: Reuters

Повеќе контрола врз надзорот

Најавата за воведување повеќе „транспарентност“ и контрола над работата на НСА, како и на основање независна комисија на стручњаци за тие задачи, Обама очигледно сака да ја поврати загубената доверба. Имено, повеќе од половината Американци според најновите анкети повеќе немаат доверба во него, и смета дека информациите кои ги собира НСА не служат само во борба против тероризмот.

Но, Марк Јакобсен од Германскиот Маршалов фонд сепак предупредува дека и покрај тоа што Обама на споменатата конференција за новинари најави почеток на еден „нов период“ на работата на тајните служби, во таа најава сепак не смее да се види нешто што го нема. „Обама во својата најава не се дистанцираше, јас не слушнав дека тој кажа дека има намера да ги ограничи програмите на надгледување“, истакна Јакобсен. Исто така, додека Демократската партија на Обама ја сигнализира својата поддршка за поголема контрола над НСА, републикаците токму за тоа му префрлуваат на претседателот.