1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама се’ уште оптимист дека навреме ќе се реши буџетскиот спор

СН/ЖА/ртр/афп/ап29 декември 2012

Претседателот на САД се надева на решение во последен момент во спорот околу буџетот. По кризната средба во Белата куќа тој го повика Конгресот да го усвои буџетот за да се избегне пад на земјата во т.н „фискален јаз“.

https://p.dw.com/p/17B0H
Фотографија: dapd

Со нетрпение очекуваната средба во Вашингтон меѓу американскиот претседател Барак Обама и врвните претставници на Конгресот не донесе пробив во спорот околу буџетот на САД за 2013. година.

Сепак американскиот претседател на прес-конференцијата по средбата изрази уверување дека до истекот на рокот за усвојување на буџетот на крајот од годинава би можело да се постигне согласност. Обама рече дека е умерен оптимист откако на средбата беше договорено Сенатот да ја преземе иницијативата за надминување на спорот. Во Сенатот имено мнозинство имаат Демократската партија на Обама, а во Претставничкиот дом на Конгресот , Републиканската партија.

Според договорот, лидерите на пратеничките групи во Сенатот, Хери Рид од Демократската партија и Мич Мекконел од Републиканската партија сега имат задача да подготват компромисно решение. Тоа потоа до 31 јануари треба да биде усвоено како од Сенатот така и од Претставничкиот дом на Конгресот. Доколку тоа не се случи пред 1 јануари, на САД им се заканува пад во т.н „фискален јаз“ . Тогаш имено автоматски во сила ќе стапат кратења на буџетските издатоци и зголемувања на даноците кои ќе ги погодат речиси сите граѓани на САД а згора на тоа владата во Вашингтон не ќе смее да зема нови кредити на финансиските пазари за покривање на буџетските трошоци. Ова се мерки утврдени со законот донесен во 2011. година кои стапуваат во сила во случај земјата да ја достигне утврдената граница на максимално задолжување. Американскиот министер за финансии Тимоти Гајтнер, претходно соопшти дека САД ќе го достигнат законски утврдениот лимит за државниот долг од 16,39 билиони долари в понеделник спроти Нова Година. Економистите стравуваат дека паѓањето во „фискален јаз“ би можело да ја турне најголемата светска економија во рецесија.

Symbolbild - Obama verhandelt über den Fiskalpakt
Лидерот на мнозинската пратеничка група на Демократската партија во Сенатот, Хери Рид заминува со нова задача од средбата во Белата куќаФотографија: dapd

Обама инаку најави дека има намера предлог- буџетот изготвен од неговата администрација да го поднесе на гласање во Конгресот доколку Демократите и Републиканците не се согласат за заеднички концепт. Претседателот опстојува на своите намери за буџетска консолидација која предвидува зголемување на даноците за најбогатите во земјата односно за домаќинствата со годишен приход од 250 илјади долари, што Републиканците решително го отфрлаат.