1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обама ја продолжува победничката серија

13 февруари 2008

Во трката за претседателска кандидатура кај Демократите во САД, сенаторот Обама бележи нови успеси. Но трката сеуште не е решена. Појасна е сликата кај Републиканците, каде сенаторот Џон Меккеј има значајна предност.

https://p.dw.com/p/D6pz
Сенаторот Барак ОбамаФотографија: AP

Видно задоволен Барак Обама синоќа ја прослави новата тројна победа заедно со своите приврзаници. Аналитичарите ја очекуваа неговата победа во сите три сојузни држави Мериленд, Вирџинија и Вашингтон, но не со толкава предност. Сенаторот од Илиноис овојпат ги собра гласовите од избирачките групи кои инаку ја поддржуваа Хилари Клинтон, од жените, белците, работничката класа и синдикалците.

Барак Обама продолжува по патот на успехот. За Хилари Клинтон пак ова не значи дека трката е завршена. За кандидатура за претседател кај Демократската партија се потребни 2025 гласови од делагатите, и двајцата кандидати сега имаат околу 1000 гласови и сеуште се оддалечени од магичната бројка.

Во моментов сенаторот Обама е во мала предност, а Клинтон се соочува со проблеми. Откако главниот менаџер на нејзината изборна кампања го напушти таборот, сега оставки поднесоа и нејзините заменици. Финансиски пак мораше од сопствени средства да ја дополни изборната каса. Во весниците се цитираат членови на нејзиниот тим кои велат дека не сметале на тоа по така наречениот „Супер Тјусдеј“ да мора да продолжат да работат. Наредните предизбори се закажени за вторник идната недела, во Хаваи и Винсконсин, а потоа на 4 март меѓу другите и во Тексас и Охајо.

Кај Републиканците, сенаторот Џон Меккејн со победата во сите три сојузни држави и натаму го зголемува неговото водство, но тесната предност пред Мајк Хагеби во Вирџинија покажува дека не сите Републиканци стојат зад програмата на Меккејн.