1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обвинувања за продажбата на ТЕЦ Неготино

Горан Петрески6 август 2007

Опозицијата обинува дека продажбата на термоцентралата во Неготино е мега- корупциски скандал, грчката компанија што сакаше да ја купи се жали дека била неправедно поразена на тендерот.

https://p.dw.com/p/BQJF
СДСМ ја обвинува владатаФотографија: Petar Stojanovski
Од две страни стасува истовремена реакција по минатонеделната продажба на термоцетралата во Неготино на канадскиот конзорциум Хач. Грчката компанија Сенкап чија што понуда беше оценета како понеповолна најавува жалба. Грците аргументираат дека нивната понуда е за 6 милиони евра поголема од понудата на канадската компанија, која ја доби централата. Освен тоа тие ветиле за 100 мегавати поголема моќност од капацитетот што ќе го градат Канаѓаните. Во истовреме со писмената реакција на грчката компанија, се огласи и македонската опозиција. Јани Макрадули од СДСМ обвини дека продажбата е корупциски скандал.

„Владата лаже дека ја избрала најповолната понуда за ТЕЦ Неготино.Владата лаже дека законски може Хеч да доведе природен гас до ТЕЦ Неготино и попатно да донесе гас во неколку градови во Македонија.Зошто ако имаме повисока понуда за термоелектраната,не еизбрана?Компанијата што не е избрана дава и повеќе пари во новиот објект ,што ја зголемува вкупната сума или вкупната вредност на целата инвестиција.“

Владиното објаснување за изборот на „Хач“ беше дека канаѓаните понудиле подобар развоен план. Вицепремиерот Зоран Ставревски потенцираше:

„Ние добивме понуда која што е 16 пати повисока од цената по која што претходно минатата влада сакаше да го продаде објектот.“

Хач треба да ја преземе неготинската централа најдоцна до крајот на месецов. Термоцентрачата е енерегетски објект од стратешко значење за Македонија. Експертите предупредуваа дека во услови на глобална енергетска криза државата треба да задржи дел од сопственоста за да може во иднина да влијае врз цената на струјата. Владата ја правдаше продажбата со аргументот дека Македонија нема пари да го финансира развојот на термоцентралата.

Главен производител на струја во Македонија е „РЕК Битола“. Поради недостигот, земјата редовно увезува електрична енергија. ТЕЦ „Неготино“ го вклучува повремено, кога е зголемена потрошувачката.