1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обид за одбегнување на поделеноста во ЕУ

Сандра Хавенит / Симе Недевски28 јуни 2012

ЕУ на претстојниот самит стои пред тешки одлуки за иднината. Еврокризата галопира, а земјите-членки се поделени во потрагата по решенија. Ваквиот впечаток сакаа да го одбегнат канцеларката Меркел и претседателот Оланд.

https://p.dw.com/p/15N23
Фотографија: Reuters

Непосредно пред самитот на ЕУ за должничката криза германската канцеларка Ангела Меркел во Париз се сретна на консултации со францускиот претседателот Франсоа Оланд. Меѓутоа, за исходот од средбата не е познато ништо. Ниту Меркел, нути Саркози не дадоа изјава по завршувањето на консултациите. Со тоа требаше да се избегне впечатокот дека има некакви германско-француски предодлуки, се вели во владини кругови во Париз.

Меѓутоа, германската Канцеларка и францускиот Претседател имаа, барем пред средбата во Париз, сосема различни погледи за тоа како да се надмине еврокризата. Во кратките изјави пред почетокот на состанокот тие дмонстрираа единство и потенцираа дека има напредок во потрагата по решенија за излез од кризата.

„Ние двајцата сакаме економска и монетарна унија, и набргу и политичка унија, која ќе се заснова на интеграција и солидарност“, изјави францускиот претседател Оланд.

Меѓутоа, пред средбата тоа изгледаше сосема поинаку. Се говореше за лоша атмосфера меѓу двете земји, а стриктното одбивање на Меркел за таканаречените еврообврзници, кусо пред посетата на Париз, беше протолкувано како јасно предупредување до Оланд.

На заедничкиот настап пред новинарите тоа не можеше да се забележи.

„Потребно ни е повеќе Европа и верувам, во тоа сме согласни, дека ни е потребна Европа што е способна да функционира, зашто на тоа внимаваат финансиските пазари. Исто така ни е потребна Европа која меѓусебно си помага“, порача Канцеларката во Париз.

Angela Merkel zu Besuch bei Francois Hollande Paris
Неединството не можеше да се забележи пред новинаритеФотографија: Reuters

Каков бил исходот од консултаиите меѓу Меркел и Оланд посредно ќе се дознае на дводневниот самит на шефовите на држави или на влади на земјите-членки на ЕУ, кој денеска започнува во Брисел, на кој клучна тема ќе биде справувањето со европската должничка криза.

Самитите на Унијата се редат во се’ пократки интервали. Но, проблемите остануваат. Со најновите барања за помош од Шпанија и Кипар веќе пет земји од еврозоната се упатени на поддршка од кризните фондови на Унијата. Финансиските пазари остануваат вознемирени. Каматните стапки за кредитите кои ги земаат Шпанија и Италија се на едно долгорочно неподносливо ниво. А, Грција иако сега има влада, која во основа сака да ги исполни условите од меѓународните доверители, сега бара подобри услови.

Предлози за справување со кризата во меѓувреме има доволно, но во ЕУ, барем непосредно пред Самитот, имаше големи несогласувања за тоа кои од предлозите ќе бидат претворени во ршенија за иднината.