1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обновени мировните преговори меѓу Израел и Палестинците

СН/БГ/ртр/дв/дпа30 јули 2013

Првпат по речиси три години, претставници на Израел и Палестинците повторно седнаа на заедничка маса. Гаранција дека двете страни на крајот ќе склучат мировен договор, меѓутоа нема

https://p.dw.com/p/19GvS
Фотографија: AFP/Getty Images

Во Блискоисточниот мировен конфликт повторно дојде до придвижување по речиси тригодишна пауза. Претставници на Израел и на Палестинците синоќа (29.07) по локални време се сретнаа на заедничка во Вашингтон на покана на американскиот министер за надворешни работи Џон Кери, соопшти Стејт Департментот.

Овие предразговори подоцна треба да прераснат во вистински мировни преговори. На дводневната средба со посредство на САД основна цел е најнапред да се изготви работен план за наредните месеци.

Мартин Индик- посредник во преговорите

Американскиот претседател Барак Обама изрази воздржан оптимизам во однос на разговорите во Вашингтон: „Ова е ветувачки чекор напред, но претстојат уште многу тешка работа и тешки одлуки“, се вели во писменото соопштение на американскиот претседател. Тој во него уште наведе дека САД се подготвени да ги поддржат Израелците и Палестинците во преговорите, чија цел е наоѓање решение на блискоисточниот конфликт на принципот на две држави. Обама изрази уверување дека преговорите ќе бидат конкретни и исполнети со добра волја и решителност.

Шефот на американскиот Стејт департмент, Џон Кери по повеќемесечна патувачка дипломатија, успеа да ги донесе Израелците и Палестинците на заедничка преговарачка маса. Непосредно пред синоќешната средба тој изјави дека ова е многу важен момент и ги повика учесниците да најдат компромис.

John Kerry und Martin Indyk
Новиот посредник во израелско-палестинските преговори, Мартин Индик. Зад него: шефот на Стејт Департментот, Џон КериФотографија: Reuters

Кери го назначи поранешниот американски амбасадор во Израел, Мартин Индик за посредник во новозапочнатите преговори. Израел на преговорите го претставуваат министерката за правда Ципи Ливни и пратеникот на  премиеро Бенјамин Нетанјаху, Јицак Молхо, додека претставници на палестинската страна се  главниот преговрач Саеб Ерекат  и Мохамед Штајех. Набљудувачите очекуваат комплицирани преговори за надминување на Блискоисточниот конфликт. 

Најмалку девет месеци преговарање

Како што беше соопштено во Вашингтон  Израелците и Палестинците имаат намера најмалку девет месеци да преговараат за конкретен мировен план. Двете страни се договорија за “директни разговори“ околу прашањата за конечниот статус кои предвидуваат календар од најмалку девет месеци, изјави портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Џен Псаки.

За денешниот втор ден се предвидени целодневни преговори меѓу Ливни и Ерекат. Израел и Палестинците се и натаму длабоко поделени околу т.н прашања за финалниот статус, вклучувајжи ја тука иднината на Ерусалим, кој двете страни го сметаат за свој главен град. Изградбата на населби за еврејските доселеници во палестинската автономна област на Западниот брег е уште едно од прашањата кои ги компликуваат преговите околу точните граници на идната палестинска држава и правото за враќање на палестинските бегалци. 

Мировните преговори меѓу двете страни беа прекинати во септември 2010 година, токму по одлуката на израелската Влада да започне со изградба на нови еврејски доселенички населби во Источен Ерусалим и на Западниот Брег на реката Јордан.