1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Образованието е иднината

Улрике Маст-Киршнинг / Елизабета М. Фиданоска25 јуни 2012

За иднината е потребно образование - тоа е темата на годинашниот Глобал медиа форум на Дојче веле. За улогата на образованието, културата и меидумите ќе дискутираат гости од 100 земји во светот.

https://p.dw.com/p/15Kpm
Фотографија: DW

„Образованието е една од централните теми при обликување на глобализацијата“, нагласува генералниот директор на Дојче веле Ерик Бетерман. Како да се постигне идеалот „образование за сите“ е едно од главните прашања за кои експерти од медиумите, науката и политиката, од денеска (25.06.) до 27 јуни, ќе дебатираат на Глобал медиа форумот на Дојче веле. Изборот на темите сосема одговара за Дојче веле, зашто „информирањето и образованието се јадро на активностите на германската станица за странство ширум светот“, вели главниот уредник на ДВ Уте Шефер.

Медиумите треба да разјаснуваат

УНЕСКО проценува дека во светот има околу 800 милиони аналфабети. Истовремено, светот станува глобално информативно општество, „кое во секое време и насекаде ни нуди знаење преку клик“, вели Бетерман. Токму поради тоа, медиумите ширум светот носат одговорност. „Тие имаат клучна функција како инструмент на разјаснување“, нагласува индентандот на ДВ. Зашто, иако предусловите за луѓето во глобализираниот свет се различни, воспитанието, културата и образованието се клуч за мирен соживот насекаде, клуч за развој и интеркултурен дијалог. Роланд Бернекер, генерален секретар на германската комисја на УНЕСКО, го дели ваквиот став: „Слободата на печат, квалитетот на образование и културната разноликост се централните елементи на силно и слободно општество“. Германската комисија на УНЕСКО годинава го презеде покровителството на конференцијата во Бон.

Erik Bettermann
Ерик Бетерман, интендант на ДВФотографија: DW

Без образование нема дијалог

На Глобал медиа форум се очекува и поранешниот индонезиски претседател Јусуф Хабиби. Но, и повеќе од 50 одделни манифестации, подготвени од страна на експерти од различни национални и меѓународни организации и претпријатија, нудат широк спектар теми за креирање мислења. Културната разноликост како двигател на одржливиот развој е темата на УНЕСКО за  арапскиот регион. Германската служба за академска размена се занимава со прашањето дали универзитетите можат да бидат агенти на промени. Образование за човекови права и сексуално самоопределување е темата на Германскиот институт за човекови права, а Друштвото за меѓународна соработка и Германскиот институт за развојна политика го расветлуваат интеркултурниот дијалог преку предизвикот на „Global Governance“.

Ralf Nolting
Ралф Нолтинг, раководител на ГМФФотографија: DW

„Ние не сме чиста медиумска конференција, ниту пак сме политичка или научна конференција“, го опишува концептот на Глобал медиа форум неговиот раководител Ралф Нолтинг. „Ние ги седнуваме луѓето на една маса и оставаме да размислуваат околу решенијата за глобалните проблеми.“ Заеднички е ставот дека медиумите играат решавачка улога во создавањето свест за проблемите и во комуникацијата на решенија. Глобал медиа форум, кој се одржува по петти пат, во тоа има успех, нагласува Нолтинг.