1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Обрван: Македонија мора да ја победи Чешка

ЕМФ/макфакс/миа/дпа/бета13 јануари 2014

Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство во ракомет, кое се одржува во Данска. Селекторот Обрван вели дека дека пораз од Данска, на нивен терен, „не е страшна работа“.

https://p.dw.com/p/1ApWk
Фотографија: Claus Fisker/AFP/Getty Images

Македонските ракометари во првото, коло во Б групата, вчеравечер (12.01) во Хернинг загубија од Данска со 21:29. Бавното влегување во натпреварот, лошата реализација во нападот и одличниот дански голман Ландин, беа причините за поразот на тимот на селекторот Ивица Обрван:

„Во одредени делови од играта не бевме на ниво, но не сме разочарани бидејќи да се загуби од Данска на нивен терен не е страшна работа. Промашивме многу зицери бидејќи против себе имавме извонреден голман и одлична одбрана. На крајот можеше да биде попристојно за нас, особено што го имавме одличниот Борко Ристовски на голот. Сега почнуваме да мислиме на средбата со Чешка, која е исклучително важна за нас, дуел кој едноставно мораме да го добиеме ако сакаме да го продолжиме престојот во Скандинавија“, изјави селекторот Обрван.

Ivica Obrvan, Trainer der mazedonischen Handball-Nationalmannschaft
Ивица ОбвранФотографија: Zlatko Kalinski

Најефикасен во македонската репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров со 7 голови, Никола Стојчевски постигна 3. На голот Борко Ристовски забележа 14 одбрани, од кои и сите три седмерци. Кај Данците Каспер Мортенсен имаше 5 реализации.

Македонија, во рамките на второто коло, во вторник (14.01), за противник ќе ја има Чешка, која на стартот катастрофално загуби од Австрија со 20:30.

Handball: Island gegen Norwegen 12.1.2014
Од мечот Исланд - НорвешкаФотографија: J.Nackstarnd/AFP/GettyImages

Старт на Европското првенство по мерка имаа Шпанците, кои во Групата Б ја победија Унгарија со 34:27. Исланд пак беше подобар од Норвешка - 31:26.

Денеска во Групата Ц се среќаваат репрезентациите на Србија и Полска и Франција и Русија. Од Групата Д на програмата се натпреварите меѓу Хрватска и Белорусија и Шведска и Црна Гора.