1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОБСЕ:изборите во Украина според демократски стандарди

1 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Ble8

Украинските предвремени избори се спроведени во согласност со демократските стандарди, соопштија од набљудувачката мисија на ОБСЕ. Во меѓувреме државнат изборна комисија врз основа на 67% преброени гласови соопшти дека најголема поддршка има блокот на опозиционата лидерка Јулија Тимошенко. Тие водат со 33% гласови. Партијата на регионите на премиерот Виктор Јанукович, освои речиси 30% гласови, додека партијата Наша Украина на претседателот Виктор Јушченко ја доби довербата на 16% од избирачите. Тимошенко најави дека денеска ќе почне со консултации за состав на нова влада со партијата Наша Украина. Тимошенко и Јушченко постигнаа договор за обновување на нивниот сојуз непосредно пред изборите.