Ограбена Националната банка во Либија
29 октомври 2013Транспортерот со парите бил на пат од аеродромот кон филијалата на банката во градот. Тој пренесувал либиски динари, американски долари и евра. Возилото на крадците било идентификувано и потрагата по нив е во тек, соопштуваат од полицијата.
Напаѓачите имале релативно лесна работа: транспортерот бил придружуван само од едно возило со обезбедување, како што известува агенцијата Лана. Обезбедувањето немало никаква можност да го спречи грабежот. Сирте, родниот град на соборениот либиски диктатор Моамер ал Гадафи, се наоѓа на околу 500 километри источно од главниот град Триполи. Безбедносната состојба во Либија по падот на Гадафи е исклучително нестабилна. Многу од милициите, кои за време на бунтот се бореа против режимот, се‘уште се вооружени.