1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одговорна функција во клучен момент

Зоран Јордановски25 мај 2007

Разговор со Срѓан Керим,претседател на 62 заседание на Генералното собрание на ОН

https://p.dw.com/p/Anrp
Фотографија: Macedonian Information Agency

-Господине Керим,Ве молам пренесете ни ги Вашите први впечатоци.

„Се разбира дека изборот за претседател на 62 Генерално заседание на ОН е голема чест за мене лично а ,а за нашата држава Македонија и огромно признание за нејзината конструктивна меѓународна улога во ОН,каде Македонија од првиот ден беше активна членка ,учествуваше во подготовките на важни самити,на Милениумскиот самит,на самитот во Јоханесбург за одржлив развој,на самитот во Монтереј за финансирање на развојот,беше прва земја и иницираше резолуција посветена на мирот и соработката во ЈИЕ,така со што со сето тоа Македонија постепено си изгради имиџ на конструктивна и активна членка на ОН,а истовремено би сакал да потсетам дека Македонија беше и консумент на кризен менаџмент по осамостојувањето и независноста на границите на Македонија имаше сини шлемови од ОН,така што од таа фаза,на консумент,на потрошувач на услугите на ОН сега Македонија се разви во членка која презема врз себе огромна одговорност,практично најголемата одговорност,да се биде претседател на Генералното собрание,да се води тоа една година.Јас ќе сторам се за Македонија да биде достојно репрезентирана и да ја извршам таа функција на задоволство не само на македонската јавнсот и граѓани туку и на Светската организација.Не треба да заборавиме дека се во прашање 192 земји,а можете и сами да замислите дека не е едноставно да се усогласат нивните интереси,кои не само што понекогаш се различни,туку и спротиставнеи,но верувам дека ќе бидеме успешни.“

-Колку е оваа функција репрезентативна и колку од неа може да се влијае на развојот на настаните?

„Тоа можете најдобро да го оцените по настапот на генералниот секретар вчера,кој не само што беше присутен на седницата туку и зборуваше и укажа како и нему како на највисока извршна личност во организацијата му значи изборот на претседателот и соработката.Улогата на претседателот од година во година станува се позначајна и во таа смисла сигурно ќе биде многу важно,а убеден сум според првите работни контакти и разговори што ги имавме со генералниот секретар дека ќе бидеме еден апсолутно добро уигран тандем и дека ќе работиме во полза на поправање на имиџот на организацијата,во полза на нејзината поголема ефикасност и на конкретни резултати во Генерелнот собрание по најкрупните прашања денес во светот како што е тероризмот,како што е финансирањето на развојот на земјите во развој,одржливиот развој,климатските промени,проблематиката на жените и децата,значи сите оние клучни прашања,да не заборавам и дијалогот меѓу цивилизациите и религиозниот дијалог.Тоа се најкрупните прашања во светот на глобализација и мислам дека ќе се бориме за што е можно посодржајни и поконкретни одговори.“

-Верувам дека нема да ви биде тешко да се снајдете во оваа организација со оглед на тоа што долги години бевте во неа претставник на Македонија истовремено земјата го има отворено прашањето со името,со онаа референца донесена токму во ОН,како поранешна југословенска република.Токму под закрила на ОН се одвиваат преговорите со Грција околу прашањето на уставното име на Македонија.Колку од позиција на која ќе бидете од септември годинава ќе можете да влијаете врз тие прашања?

„Во рамките на ОН постојат утврдени усогласени механизми за решавање на вакви прашања,тоа е во надлежност на генералниот секретар,потоа обврска на неговиот специјален пратеник, кој е некој вид посредник меѓу Атина и Скопје и се разбира владите на Македонија и на Грција што треба да одлучат и да се договорат да се реши тој спор.Доколку се роди потреба да се ангажирам јас како претседател на Генералното собрание,јас секако ќе ги ставам на располагање моите услуги,тоа е должност на претседателот,но сега не би шпекулирал со тоа,работите течат.“