1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одмор во Германија

1 март 2006

Во очекување на исполнувањето на надежите од големата коалиција, Германците веќе се подготвуваат за годишните одмори. Со години светски прваци во туризмот по сите напоредници и меридијани, од пред извесно време ја откриваат сопствената земја.

https://p.dw.com/p/AeMV
Тврдината Росенберг, патување низ татковината
Тврдината Росенберг, патување низ татковинатаФотографија: presse

„Зошто да патувам далеку, кога дома може да се види толку многу„? се прашуваат скоро 30 проценти Германци и решаваат да си ја запознаат татковината. Една од причините може да биде и се потенкото портмоне, зашто дома цените се релативно пониски. Еве што велат самите:

Сабине Штокхаузен прелистува еден дебел туристички каталог. На насловната страна пишува„Туристичка дестинација – Германија„. Романтично кртосување по Рајна, бански одмор во Шварцвалд или одмор на село во Алгој. Но, тоа не ја интересира. Годинава сака да го посети истокот на земјата:

„Тоа е подрачје што допрва мораме да го откриеме. Има толку градови и простори што едноставно мораат да се видат, да се запознаат различни луѓе што живеат во Германија и се Германци„.

Земјата на поети и мислители е најпопуларната туристичка дестинација на Германците, вели Маркус Бук од келснкото туристичко биро:„Тревл Колоњ„:

„Она што букираат нашите клиенти е источниот дел на земјата. Но, и патувањата по градовите: тука доминираат Берлин, Хамбург и Келн. Исто така се големи барањата за крстосувања во викендите или за посета на мјузикли или забавни паркови. Како кај малдите така и за генерацијата „55 – плус„.

Пензионерката Хилдегард Кенен се интересира за германските споменици. Посебно радо би го видела замокот Нојшвајнштајн или Фрауенкирхен во Дрезден. За жал, за 70-годишната остануваат само туристичкиот каталог или телевизијата. За вистинско патување нема пари. Но, таа не жали многу. Според неа, татковината може да се открива и пред домашниот праг:

„Го минувам времето така што ја запознавам татковината со многу пешачење. Во најблиската околина откривам простори што со децении се тука, а јас не сум ги видела. Тоа е почеток, секако. Мојот сон е да ја запознам Германија. Е, ова е почеток на исполнувањето на мојата желба„.

Додека Хилдегард е принудена да се откаже од одмор, Детлеф Хајт и неговото семејство свесно го прават тоа. Тој е самостоен ѕидар и сака одмор, но мора сам да го финансира:

„Ако подолго време не работам, на пример ако сега речам:’три недели не правам ништо и не работам’, тогаш три недели нема да има пари. Одморот кој, според мене, би чинел околу илјада евра, плус три недели неработење, тоа е прескапо„.

Меѓутоа, не се само парите причина, туку и недостигот на време зошто Детлеф Хајт и неговото семејство веќе три години одморот го минуваат на „балкон„, односно дома. Тој гради куќа и во неа ја инвестира секоја слободна минута. Му помогаат сопругата и 10-годишната керка - навечер и во викендите. Малку импровизација помага во чекањето на првиот вистински одмор:

„Мир налето наоѓам во мојата градина, а зимно време седам покрај каминот. Инаку, ги посетувам пријателите или играме карти. Летно време возам и мотор, одам на пливање или во кино. Значи, за среќа има голем избор можности да се мине слободното време„.

Наредното лето ќе заврши градењето на куќата. Каде ќе води патот на одмор, семејството уште не решило. Едно сигурно знае – на море!