1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Одобрен египетскиот устав

ЖА/дв/макфакс2 декември 2013

Новиот устав на Египет помина важна етапа: текстот е усвоен од Уставната комисија, а сега треба да следи референдум за негово усвојување. Исламитите протестираат против уставот.

https://p.dw.com/p/1ARYD
Фотографија: picture-alliance/dpa

Египетската уставна комисија го усвои синоќа нацрт уставот, кој треба да биде ставен на референдум, што е првата етапа од политичката транзиција според планот на армијата, откако го отстрани од власта исламистичкиот претседател Мохамед Мурси. Усвојувањето на нацртот на новиот устав на Египет го потврди во настапот на државната телевизија Амр Муса, претседател на собранието коешто брои 50 членови.

Референдумот за уставот, како што е планирано, треба да се одржи до крајот на годинава, или евентуално во јануари. Пред усвојувањето на нацрт уставот, собранието го отфрли членот кој го утврдува календарот за парламентарните и претседателските избори. Еден од членовите на советот изјавил дека претседателот ќе одлучи кои од нив ќе се одржат први.

Уставот е дел од политичката транзиција којашто ја испланира армијата по отстранувањето на Мурси во јули годинава, откако не успеа да се договори со либералната опозиција, којашто со месеци протестираше против него поради одредбите во уставот, преземени од строгите шеријатски правила со кои се ограничуваат слободите и правата. Следната година, според планираната транзиција за повторна демократизација на египетското општество, треба да се одржат парламентарните и претседателските избори.