1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од мелничар до министер

Monika Lohmüller23 ноември 2005

Кој е Михаел Глос, новиот германски министер за економија?

https://p.dw.com/p/AeNT
Михаел Глос
Михаел ГлосФотографија: AP

На 60 годишниот политичар од ЦДУ не му преостануваше ништо друго освен да ја пртевземе функцијата од шефот на Демохристијаните во Баварија Едмунд Штојбер кој се откажа од министерското место. Михаел Глос понекогаш е потсмевлив и ироничен. Но, неговите колеги го опишуваат како мирен и сталожен политичар. Меѓутоа тој знае да биде и сосем поинаков. Многумина се плашат од неговите говори и напади за време на седниците на парламентот. Глос своевремено со свои 30 ина години беше најмладиот пратеник на ЦСУ во сојузниот парламент-Бундестагот.

Во 50 ите години од минатиот век, кога Германија економски цветаше, периодот на таканареченото економско чудо, Михаел Глос, како син на мелничар ја превзеде фирмата од својот татко. Покрај производството на брашно, тој мораше да се грижи за целото земјоделство. „ Да се завиткаат ракавите и да почне да се работи„! Тоа и денес е неговото мото, кое Глос, како министер за економија сака да го доближи кон германските граѓани.

„ Тоа важи како за граѓаните на истокот, така и за оние од западниот дел на земјата. Да престане жалењето, да се завиткаат ракавите и погледите да се насочат кон иднината. Германската историја е сиполнета со светли периоди, но има и свои темни страни. Германците поминуваа најдобро кога многу не се жалеа и кога гледаа напред„

Економскиот ресор во кабинетот на Ангела Меркел не му е непознат. Глос на почетокот на кариерата во својство на пратеник, беше задолжен за економија и финансии. До 1992 година тој беше потпретседател на клубот пратеници, задолжен за економија, производство, земјоделстѕво и сообраќај. Од Јануари 1993 тој претседава со групата на демохристијаните од покраината Баварија, а со тоа и прв потпретседател, на пратенички клуб на ЦСУ во Бундестагот.

Михаел Глос своите функции досега ги извршуваше со непогрешлив политички инстинкт, но и со нему својствена рафинираност. Но, она што посебно му оди во прилог како министер за економија, се добрите односи со канцеларката Ангела Меркел.