1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од славје во семеен круг до зенит на филмската индустрија

23 февруари 2007

Што стои во “биографијата на Оскарот“?

https://p.dw.com/p/AeT0
Фотографија: AP

Историјата на Оскаровската-Академија започнува во јануари 1927 година со една вечера во куќа на плажа во Санта Моника во Калифорнија . Шефот на студиото Метро Голдвин Маер, Луис, Б.Маер , актерот Конрад Нејгл , режисерот Фред Нибло и продуцентот Фред Битсон разговарале за растечкиот притисок на црквите, синдикатите, како и на организациите на родителите и учителите врз филмската индустрија од Холивуд . Господата се договориле да организираат едно здружение за застапување на вработените во филмската индустрија .

1927 инаку беше година на пресврти: Чарлс Линдберг без застанување го прелета Атлантикот од Њујорк кон Париз . Ме Вест во Бродвеј играше во претстава со наслов: Секс. Филмот со тон предизвика револуција во Холивуд. Кината во САД неделно продаваа повеќе од 100 милиони кино-влезници за цена од 25 центи. Влијанието на Холивуд врз општеството растеше а со тоа истотака и отпорот против филмската индустрија. Обвинувањата гласеа: Премногу секс , премногу насилство , премалку контрола. Цензурата висеше во воздухот , откако една недела по вечерата во куќата на шефот на МГМ , Маер , идејата за основање здружение прерасна во реалност. Денес три часа големите ѕвезди се слават себеси , за време на церемониите на доделување на Оскарот, а оркестар свири пасажи од музиката во номинираните филмови. На почетокот Оскарот беше далеку понеспектакуларен .

На 11 јануари 1927 година, во хотелот Амбасадор во Лос Анџелес се собраа 26 припадници на филмската индустрија и ја основаа , Меѓународната Академија за подвижни слики , уметности и науки” . Меѓу основачите беа и сега веќе легендарните холивудски личности како Сесил . Б, Де Мил , Даглас Фербенкс , Мери Пикфорд, Глорија Свенсон и Ерих фон Шрохајм. Четири месеци подоцна во Кристалната сала во хотелот Билтмор се одржа првиот официјален конгрес на здружението.

230 припадници на филмската бранша, потпишаа чек од 100 долари и станаа основачки членови на Академијата . Еден месец подоцна беше направен нејзиниот статус. Претседателот на Академијата Даглас Фербенкс ги претстави целите на организацијата . Требаше агресивно да се настапува против неправедните напади однадвор а покрај тоа требаше да се поттикнува и солидарноста меѓу припадниците на филмската индустрија . Академијата се залагаше за одбрана на професионалната чест, а членовите си пропишаа задача за унапредување на уметноста и науката шреку размена на идеи и доделување на награди. Првите награди Академијата ги додели дури две години подоцна . Во мај 1929 година . Оскарот беше и сеуште е една златна статуетка. Ханс Хелмут Принцлер , директор на фондацијата на германската кнотека ја опишува на следниов начин:

” Тоа е еден малку неутрално претставен човек кон крајот од 20-те од животот. Многу стилизиран, високи нозе. Рацете му се прекрстени преку горниот дел од телото. Погледот му е неутрален и стои на филмска кутија”

Церемонијата во 1929 беше свечена , но во тоа време без помпа и привлече малку влијание. Првиот Оскар го доби еден Германец. Актерот Емил Јанингс ја прими наградата за неговата улога во филмот ”Неговата последна наредба” уште пред церемонијата , затоа што воочи доделувањето на Оскарот го напушти Холивуд во правец на Берлин.

Не секогаш, смета Ханс Хемут Принцлер, Академијата донесувала вистинска одлука во изборот на добитниците на Оскарот:

”Постои цела редица луѓе , кои долго време беа превидени. На пример сметам дека е неправедно , што Ернст Лубич никогаш не добил Оскар, туку веднаш една година по неговата смрт му беше доделен почесен Оскар . Таа можност постои преку една категорија, со која се оддава признание на животното дело на еден уметник. И Чарли Чаплин својот прв Оскар го доби во 50-те години за музиката за филмот Лајм Лајт, но никогаш не го освоил како режисер:“Тоа, исто така е, можам да кажам, пропуст на академија.“

Но, затоа Џорџ Клуни е убеден во предводничката улога на Холивуд и на Оскаровската академија, како што впрочем истакна за време на ланската церемонија на доделувањето на најпрестижните награди во филмскиот свет: “Знаете , ние во Холивуд понекогаш сме малку недостижни , но тоа веројатно е и добро. Зборувавме за сидата кога околу тоа само се шепотеше . Ги тематизиравме граѓанските права, кога тоа не беше толку популарно. Ние поставуваме теми. Оваа академија оваа група луѓе му додели оскар на Хети Мек Данијел во 1939 година, кога црнците сеуште мораа да седат на задните седишта во киносалите и театрите. Горд сум што сум дел од оваа академија , на ова друштво и горд сум на тоа што сум недостижен ”

Стратегиските размислувања од вечерата на четворица влијателни господа во Холивуд во 1927 година , во меѓувреме прераснаа во организација со 6000 членови, а од доделувањето на награди во семеен круг со нетрпение очекуван зенит на секоја година во Холивуд. Доделувањето на Оскарите денес е најславното и најважното признание во филмската бранша.