1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од странски платеници до увозници на пари

Синиша Богдановиќ/ Александра Трајковска17 септември 2012

Хрватите пред десет години сметаа дека организациите на цивилното општество се странски платеници. Денес мислат поинаку. Овие организации се корисници за пример на фондовите на ЕУ и стабилни работодавачи.

https://p.dw.com/p/16AS5
Фотографија: picture-alliance/dpa

По распадот на Југославија Хрватска помина долг пат. Земјата денес е пред портите на ЕУ, а во невладините организации граѓаните гледаат незаменлив дел од развојот на општеството. Парадоксално, оти дури сега може да им се залепи етикетата „странски платеници“, бидејќи за остварување на своите цели во најголем дел се потпираат на странските фондови. На тој начин и ги амортизираа последиците од економската криза. Денес еден меѓу 58 хрваски граѓани работи за некоја од овие канцеларии. 

Придонесуваат за демократијата, но не и конкретно

Организацијата TACSO (Техничка помош за организациите на цивилното општество) на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници спроведе истражување „Видливост и јавна перцепција на организациите во Хрватска во 2012“, чии резултати ги спореди со слични истражувања спроведени пред пет години. Советничката на TACSO Аида Багиќ за ДВ потврдува дека граѓаните денес се многу подобро информирани, така што резултатите го демантираат впечатокот кој може да се стекне ако се следат интернет дебатите, според кои здруженијата спроведуваат „сомнителни активности финансирани од странски извори“.

Aida Bagic
Аида БагиќФотографија: DW

Граѓаните мислат дека овие канцеларии им ја подигаат свеста за нивните права, ги потпомагаат демократските процеси и развојот на цивилното општество, како и дека придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот. Малкумина сметаат дека тие решаваат конкретни животни проблеми. Поголемиот дел од граѓаните сепак мислат дека организациите не промовираат ефикасна партиципативна демократија, така што не придонесуваат за обликување на политиката која влијае врз секојдневниот живот. „Тоа загрижува, оти токму тоа е мисијата на некои здруженија и фондации“, подвлекува Беговиќ.

Некогаш беше како што е денес во Русија

Извршната директорка на Транспаренси интерншнл за Хрватска Саша Шегрт напоменува дека невладините организации се многу различни и се организираат од различни побуди. Јавната слика се формира врз основа на работата на околу триесетина организации.

Sasa Segrt Direktorin der kroatischen Filiale von Transparency International (TIH) Zagreb, 2012, DW
Саша ШегртФотографија: DW

„Мислам дека општата перцепција е позитивна, за разлика од пред дваесетина години кога не сметаа за странски платеници, што сега е случај во Русија. Ние за среќа го поминавме тоа“, смета Шегрт. Таа вели дека се’ помал е бројот на донатори на кои Хрвтаска им е интересна, така што здруженијата влегуваат во регионални проекти преку кои во пакет излегуваат на конкурси.

Но, организациите би можеле да донесат и повеќе пари, кога државата би издвоила повеќе средства за нивната работа, вели Жељана Бунтиќ Пејаковиќ, претседалка на организацијата „Цензура плус“.

„Имено европските конкурси иако се добро финансиски издржани, сепак вклучуваат и минмално барање за кофинансирање на прокетите со средства од неевропски извори. Барањата за кофинансирање на различни конкурси обично се движат во распон од 10 до 20 отсто од вкупниот буџет на проектот“, истакнува Бунтиќ Пејаковиќ.

Бунтиќ Пејаковиќ смета дека граѓаните високо го вреднуваат залагањето на организациите на цивилното општество, додека кај политичарите не го препознаваат нивниот придонес за исполнување на политичките критериуми за членство на Хрватсака во ЕУ. Во спротивно, заклучува таа, тие би вложиле напор за дефинирање на статусот на организациите кои делуваат со цел на општо добро. Сега вели таа од иста маса на јавни средства се финансираат и професионални спортски клубови, па кога граѓаните ќе ја слушнат целокупната висока бројка, немаат реална слика, кој всушност колку пари добил.