1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од терорист до Нобеловец

11 ноември 2004

Беше блиску до смртта повеќе пати. На пример во 1983 година кога за време на војната во Либан преоблечен во жена мораше да го напушти засолништето и во последен момент најде заштита кај француските маринци.

https://p.dw.com/p/AcJs

Ја преживеа и авионската несреќа во либанската пустина во 92-та со неколку повреди. Не му можеше ништо ниту израелската влада која речиси две години го држеше изолиран во неговото седиште во Рамалах и смртно му се закануваше. Арафат сега умре од природна смрт и не стана мачаник.

Како симбол на палестинската борба за слобода, Арафат за својот народ до крајот со мали отстапки беше најомилениот политичар. Под негово раководство Палестинската ослободителна организација е призната како единствен вистински застапник на Палестинците на Блискиот исток. Од терорист за кого сите средства во борбата за независност беа оправдани стана политичар кој со својот непријател, Израел склучи договор и за тоа во 94- та доби Нобелова награда за мир. Но Арафат на својот народ не му донесе мир и независна држава. Охрабрен од успехот на првата интифада кон крајот на осумдесетите не презеде ништо во летото 2000 кога по неуспешните мировни преговори со Израел почна новото палестинско оружено востание. Се чини дека неговите критичари беа во право кога велеа дека Арафат никогаш не испушти шанса да испушти шанса. Освен урнатини и брда од лешеви оваа интифада ништо не им донесе на Палестинците.

Исто така и и меѓу Палестинците се слушаат гласови кои отворено го критукуваат Арафатовото владеење. Претседателот на автономните власти не дозволи да се изградат демократски структури и не презеде ништо против растечката корупција и фамилијарните бизниси. Дури и во неговиот Фатах бараат промена на менталитетот и револуција внатре во движењето. Арафатовото ветување дека ќе даде дел од својата власт остана само на зборови. На Арафат не му паѓаше на памет да создаде наследник.

Двајца се веќе подготвени. Премиерот Ахмед Куреи и неговиот несреќен претходник, Махмуд Абас, и двајцата долгогодишни Арафатови следбеници. Ниту еден од нив го нема политичкиот статус на Арафат но затоа имаат шанси Израел да ги признае како преговарачки партнери. Израел го означи Арафат како ирелевантна личност со тоа што го исклучи од мировните преговори. Сега би можел да постои партнер за разговор. Јасер Арафат во текот на својот живот можеше да отвори пат на мирот.

Но и овие надежи како што често бидува на Блискиот исток можат брзо да исчезнат. Уште еден насилен испад во окупираните територии овој пат меѓу ривалските палестински групи би предизвикал натамошен хаос и би ја испровоцирал Иѕраелската војска. Сопствената држава која Јасер Арафат не беше во состојба да ја оствари и натаму останува само сон.