1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОЕЦД: Германија стопанска локомотива во Европа

АТ/ ард/ афп28 март 2013

Германија во првата половина од 2013 година ќе забележи значителен стопански пораст, прогнозира во најновиот извештај ОЕЦД. Повеќето другите држави на еврозоната и натаму се борат со рецесија.

https://p.dw.com/p/186MS
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германското стопанство ја потврди својата улога како локомотива за стопански пораст во Европа. Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во својата најнова прогноза предвидува, дека германскиот БДП меѓу јануари и март се зголемил за 0,6 проценти во одност на претходниот квартал. Во споредба со првиот квартал во 2012 година тоа значи плус од 2,3 проценти. Меѓу април и јуни ОЕЦД предидува натамошен плус од речиси 0,7 проценти во однос на претходниот квартал. Споредбено со истиот квартал минатата година тоа ќе значи плус од 2,6 проценти. 

Во другите големи стопанства на еврозоната според прогнозата во првата половина на 2013 година се очекува да продолжи рецесијата или евентуално да има мини пораст.

Стопанството во Франција и Италија опаѓа

Според прогнозата Франција мора да се подготви дека БДП на земјата во првиот квартал повторно ќе опадне и тоа за 0,2 проценти. Меѓу април и јуни сепак може да се очекува пораст од 0,1 проценти. Далеку полоши се изгледите за Италија, која се наоѓа во длабока рецесија.

Schulden Haushalt Steuern Währung Konjunktur Euro
Фотографија: picture alliance/dpa

Со оглед кипарската криза ОЕЦД предупредува на поголем надзор на банките во еврозоната. Главниот економист на ОЕЦД, Пјер Карло Падоан за агеницјата Афп изјави дека „најтежок проблем“ на еврозоната била невработеноста.

Глобалното стопанство, според ОЕЦД се наоѓа во позитивен тренд. Во еврозоната процесот на опоравување сепак ќе трае подолго поради кризата. Според проценките значително подобрување го очекува стопанството на САД.  Конкјунктурното опоравување на Јапонија од почетокот на годинава го надминува пак економскиот полет во Германија.