1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ОЕЦД – годишен извештај

1 декември 2005

Силниот растеж на светкото стопанство, според проценките на ОЕЦД во наредната година ќе придонесат за скок и на којунктурата во Германија.

https://p.dw.com/p/AeNP
ОЕЦД оптимист за идниот развој во Гермаија
ОЕЦД оптимист за идниот развој во ГермаијаФотографија: AP

Инфлацијата притоа во целиот свет ќе биде под конторла, се вели во најновиот преглед за светската економија објавен во Париз.

Светската економија го продолжува курсот на заздравување, вели експертот на ОЕЦД Андреас Виргетер:

„Економскиот пораст добива на широчина и, што посебно радува, без видливо забрзување на основната инфалција. Она што исто така радува е дека се намалуваат разликите во развојот меѓу големите стопански табори„.

Порастот во Соединетите Американски Држави годинава ќе изнесува 3,6 проценти, а во наредната се очекуваат 3,5. Јапонското стопанство годинава ќе порасне за 2,4, а во наредната за 2 процента:

„Тргнуваме од тоа дека трошоците за порастот на цените на нафтата се рециклираат. Тоа значи дека она што го плаќаат индустриските земји, на задна врата се враќа во форма на договори за извоз„.

ОЕЦД тргнува од тоа дека цената на нафтата до 2007 ќе опадне на 53 долари за барел, со оценка дека ризик за светското стопанство претставува американскиот трговски дефицит. За Германија експертите очекуваат пораст во оваа година од 1,1 насто, за идната 1,8, а за 2007 1,7 насто. Оваа бројка може да се зголеми за половина процент ако во 2007 не се покачи данокот на додадена вредност. На сојузната влада би и било подобро да штеди отколку да ги зголеми приходите, препорачува ОЕЦД. Во 2007 година, германскиот буџетски дефицит повторно ќе падне под мастришката граница од 3 насто што е добра оценка за германската економија. Екард Вурцел, шеф на германскиот одел на ОЕЦД смета:

„Германија профитира од големата побарувачка на инвестициони добра. Се бараат стоки од германските извозници за кои постои потреба на пазарот. Притоа улога игра и фактот што повеќе години германската конкурентност на странските пазари е во постојан пораст„.

Во пресметките на стапката на невработеност, ОЕЦД тргнува од критерумите на меѓународната организација за труд ИЛО. Тенденцијата во Германија покажува благо намалување. Тоа го покажуваат и бројките за оваа и за наредните две години: 9,3; 9,1 и 8,7 проценти. Многу зависи од реформите, смета Екард Вурцел и тоа не само од големата регулација на пазарот за работа или од Харц 4:

„Скоро 57 насто од трошоците на државниот буџет се социјални, 3 проценти се инвестиции. Тоа значи дека кај трошоците за социјалата мора да се направи обид да се преземат активни мерки за вработување и точно да се види што функционира за да се излезе од сегашната ситуација„.