1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оланд: Грција треба да остане во еврозоната

ЖА/ афп/ртре/дпа25 август 2012

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска (25.08) изјави дека Грција мора да остане во еврозоната, но мора и да ја демонстрира својата веродостојност околу ветувањата за намалување на буџетскиот дефицит.

https://p.dw.com/p/15wcy
Фотографија: AP

По средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас во Елисејската палата, францускиот претседател Франсоа Оланд истакна:

„Грција е во еврозоната и таа мора и да остане во неа, но мора да ја ја докаже посветеноста на програмата и желбата на нејзиното раководство да остане на овој пат, на начин прифатлив за населението на државата“.

Грчкиот премиер Андонис Самарас на тоа додаде:

„Грција ќе го постигне тоа, таа сака да остане во еврозоната. Успех на Грција е успех и на Европа“.

Но, францускиот претседател Оланд не и‘ даде надежи на Грција за олеснување на пакетот мерки за штедење за земјата загрозена од банкрот.

Оланд најави дека ЕУ и Франција ќе го сочекаат извештајот на Тројката кој се очекува во септември (ЕЦБ, ЕЈК и ММФ) и само откако ќе биде познат овај извештај и само кога ангажирањата на полето на реформи на Грција ќе бидат потврдени, тогаш ЕУ ќе ја донесе својата одлука, најверојатно на Европскиот совет во октомври.

Грчкиот премиер Андонис Самарас е во посета на Париз за да побара пролонгирање на спроведувањето мерки на штедење во Грција за две години. Претходно Самарас вчера со истата цел беше во Берлин, кај германската канцеларка Ангела Меркел, но ни од неа не доби зелено светло за своето барање.